период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 20.04.2017, 18:05

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЗА 2016 ГОДИНА

Во автобусите на ЈСП лани превезени 45,9 милиони патници

Вкупно 45,9 милиони патници лани се превезени во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, а со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст биле превезни 322.206 патници, покажува извештајот за работењето на претпријатието за 2016 година.

Во споредба со 2015 година, бројот на превезни патници е намален за 5,6 милиони или за 10,9 проценти, како резултат на намалување на бројот на патници со платени билети на персонализирани картички за 2,5 милиона патници и на неперсонализирани картички за 3,2 милиони патници. Намалениот број платени билети се должи на зголемениот број корисници со право на бесплатен превоз.

Продадени повеќе персонализирани билети

Во 2016 година количеството вкупно продадени персонализирани билети е зголемено за 2,6 процента или за 12.067 билети, што е резултат само на продадените доплатни билети за возрасни (69.272 билети). Пораст бележат и месечните билети за градските линии за 3,9 проценти или за 2.966 билети, како и месечните билети за сите линии за 21,6 процент или за 6.993 билети. Во 2016 година биле продадени вкупно 471.334 персонализирани билети, за разлика од 2015 година кога биле продадени 459.267.

Kоличеството, пак, на неперсонализираните билети во 2016 година е намалено за 1.430.636 билети или за 14,2 проценти во споредба со претходната година. Лани биле продадени 681.866 неперсонализирани билети за градски линии, а во 2015 година 8.153.720.

- Падот на количеството на неперсонализираните билети на градските линии за 91,6 проценти во најголем дел се должи на повлекување од продажба на билетот купен во возилото на градските линии, кој беше во продажба само во јануари 2016 година, билетот за едно возење на градските линии, како и на преодниот билет во согласност со новиот ценовник со важност од 1 јануари, минатата година. Со повлекување на овие билети патниците почнаа да го користат билетот за едно возење за сите линии, од што и произлегува зголемувањето на вкупната количество неперсонализирани билети за сите линии за 310,4 проценти. Намалување е забележано и кај билетот за едно возење ноќе за 4,9 проценти, билетот за десет возења за градски линии за 25,8 проценти и билетот за десет возења за сите линии за 1,1 процент - се прецизира во годишниот извештај.

Автобусите на ЈСП лани во линискиот превоз поминале вкупно 18.935.970 километри што е за 2,3 процента повеќе во споредба со изминатата година.

Зголемувањето на бројот на поминати километри е резултат на зголемениот број километри на градските линии, на приградските линии за 1,6 процент и договорениот превоз за 0,7 проценти. Притоа, количеството на потрошената нафта и бројот на остварени часови во сообраќајот се зголемени соодветно на зголемениот обем на работа. Потрошената нафта на 100 километри бележи пораст за 0,5 проценти - од 40,78 на 41,00 литри.

Повеќе сообраќајни незгоди, помалку инциденти

Лани возачите на автобусите на ЈСП имале вкупно 338 сообраќајни незгоди, кои во најголем дел 152 се предизвикани по вина на останатите учесници во сообраќајот, за 99 незгоди не е утврдена вина, а за 87 е утврдена вина на ЈСП. Во овие сообраќајни незгоди 5 лица загинале, а 112 се повредени. Во 2015 година, пак, се случиле 269 сообраќајни незгоди од кои 53 по вина на ЈСП.

Во споредба со 2015 година бројот на сообраќајки е зголемен за 25,7 проценти, а зголемен е и бројот на незгоди предизвикани по вина на ЈСП, во споредба со 2015 година и тоа за 64,2 проценти или за 34 сообраќајни незгоди.

Што се однесува до инцидентите во 2016 година во автобусите на ЈСП се случиле 110. Од нив, 11 биле физички напади врз возачи, 21 физичка пресметка во автобус, 73 оштетувања на автобуси и 5 закани врз возачи. Тоа значи дека лани имало 30 инциденти помалку од 2015 година.

Зголемување бележат оштетувањата на возилата за 4,3 проценти.

Службата за контрола на билети извршила 172.233 контроли (просечно дневно 471 контрола), при што се наплатени дополнителни билети на 1.069 патници.

Според годишниот извештај, ЈСП остварило позитивен финансиски резултат, при што остварило бруто-добивка од редовно работење пред оданочување во износ од 73,2 милиони денари. Без приход од субвенции за покривање на потешкотиите во работењето, ЈСП би остварило загуба од 36,8 милиони денари.

Инаку, ЈСП располага со вкупно 430 автобуси, од кои 409 се соло, 21 зглобен и се со просечна старост од 10,14 години.

Анела Петрова

#



Останати вести
Мултикултурна работилница во ОУ „Војдан Чернодрински“
Од вторник почнуваат уписите во трите градинки во Центар
Одговорни компании и организации засадија 70 дрва во Градскиот парк

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести