период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 12.06.2017, 15:01

МИЛИЦА KУЗМАНОВСKА

Со 46 години научив да гледам подалеку

Милица Kузмановска, фолк-пејачка по сопствена амбиција и желба, никогаш не отстапувала од принципите во животот, кои секогаш ја воделе до целта. Нејзината биографија бележи паѓања и кревања, плими и осеки, и токму затоа најдрагоцени ~ се новите почетоци. Вели, во нејзиното музичко траење најмногу од с` и помогнала песната, што веднаш значи безусловно припаѓање, љубов и неоткажување.

Не сите жени сакаат да зборуваат за годините, а бидејќи неодамна славеше роденден, откриј ни, во која група спаѓаш ти? И - што во меѓувреме научи,совлада, победи...?

- Да, дојдоа и моите 46 години. Никогаш не сум ги криела, со насмевка си ги носам. Животот е многу поедноставен кога си искрен, првин кон себе, а потоа и кон другите. Со годините доаѓа и вистинското сознание за животот, бесценетите искуства, мудроста... Велат колку знаеш - толку и можеш, и вака позрели, повеќе гледаме на духот, отколку на телото. Сега веќе не се плашам да кажам тоа што го мислам, иако на многумина можеби и нема да им се допадне. Едноставно, со годините научив како да бидам среќна.

Естрадата како бескраен аматеризам

Во долгогодишната наезда од гостувањата на пејачи и концерти од соседните земји што ви остана на вас, домашните? Kаде настапуваш и што станува со нашите фестивали?

- С` уште не сум се предала, настапувам и во Македонија и надвор од границите. Јас никогаш не би се откажала од песната, тоа е како да се откажам од себе. Иако нашата естрада е с`, само не тоа што треба, бескраен аматеризам и с` и сешто можеш да видиш, а уметноста ја има на лажиче. Некогаш и помалку. Но, постојат и исклучоци - секоја чест за малобројната елита, која успеа да опстане со квалитет и на ниво на вистинската уметност.

Дали си се обидела да градиш кариера и надвор од нашите граници?

- Не, не сум имала амбиции за кариера надвор, а сум имала понуди да ја испробам среќата. Добро е познато дека секој настап или презентирање во соседството, чини многу и се плаќа. Сето тоа е многу далеку од начинот како ние работиме и затоа музичкиот бизнис е скап. Дури и кај нас има пејачи што с` уште плаќаат за да се појават на ТВ, во некоја емисија. А и за фестивалите е општо познато дека учеството се плаќа. Kога го кажувам ова, не мислам на веќе познатите и докажани фолк-имиња, туку за некои што почнуваат или не се доволно квалитетни, па мора да си го платат појавувањето на сцената.

Природната убавина треба да се негува

Во каква позиција се женските наспрeмa машките изведувачи? Владее ли и на ова поле- холивудскиот синдром, да се велича младоста и да не се цени искуството?

- Kај нас с` уште преовладува менталитетот дека жената по 40-тата е „стара“. Во музиката е така, но забележувам дека ништо поразлично не е и во другите сфери на живеење. За мене е ова апсолутно неприфатливо. Јас сум сега во најубавите години и најмногу можам да дадам, сега подобро знам - како. Искуството стекнато со долгогодишната работа, треба да се почитува, без оглед на годините. Природната убавина е скапоцена и треба да се негува и не мислам само на физичката убавина. Kога жената е и мајка, треба да биде достоинствена, да ја краси самодовербата, да е духовно богата и образована. Тоа се за мене вистинските вредности, с` друго е лажно и минливо.

Ја имаш привилегијата да се занимаваш со професија што исполнува, дава чувство на задоволство и среќа. Kако се заработува и кои години беа златни во фолк-музиката?

- Привилегија е да се живее со музиката, да вибрираш на едно повисоко ниво, но не е веќе така. Златните времиња одамна ги нема и уште долго нема ништо да се смени. Популарноста кратко трае, пазарот е мал, веќе не се заработува доволно за да бидеш постојано актуелен. Ама кога срцето те боли... и некаде длабоко музиката ја чуваш скриена, ја чуваш од сите невремиња, никој да не ти ја земе... Ја чуваш како свој идентитет и за поколенијата да ја пеат нашата македонска песна, најубавата, таа што лекува души... Е тогаш знам зошто живеам и зошто толку години никој не ме одделил од неа. Музиката е моја и јас сум нејзина, едно сме и секогаш ќе бидеме...

Валентина Тодоровска

#



Останати вести
Марко Настиќ со целовечерен сет во Струга
Отворам ново поглавје во кариерата
Лозано со нова песна и номинација на германски фестивал

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести