период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 12.06.2017, 17:03

KоалициЈата на ХарадинаЈ доби наЈмногу гласови на косовските избори

Рамуш на чекор вторпат да стане премиер на Kосово

Kоалицијата на Демократската партија, Алијансата за иднината на Kосово и Иницијативата за Kосово, наречена уште и коалиција на военото крило, доби 34,6 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори што се одржаа во неделата, покажуваат прелиминарните резултати на Централната изборна комисија на Kосово, на примерок од 91 процент обработени гласови.

Сепак, иако освои 35 отсто од гласовите, големата коалиција, чиј кандидат за премиер е Рамуш Харадинај, нема да може да формира влада без поддршка од 20 пратеници од малцинските заедници.

За да се изгласа влада, потребни се 61 глас, а врз основа на досегашните резултати, оваа коалиција (во која здружено влегоа Демократската партија, чиј основач е претседателот Хашим Тачи, Алијансата за иднината на Kосово на Харадинај и Иницијативата на Kосово на Фатмир Лимај) може да се добие меѓу 40 и 42 места, пишува „Слободна Европа“.

Најголемо изненадување предизвика движењето Самоопределување, кое настапи независно и го освои второто место со 26,7 отсто од гласовите, што е двојно повеќе од пласманот на последните парламентарни избори во 2014 година. Kоалицијата на Демократскиот сојуз на Kосово на Иса Мустафа, Алијансата за ново Kосово на Беџет Пацоли, новата Алтернатива на градоначалничката на Ѓаковица, Мимоза Лилја, е трета со 25,8 отсто.

Српската листа, која единствена имаше поддршка од Белград, победи меѓу српските политички партии во Kосово со освоени 5,5 отсто од гласовите.

Претседателка на Централната изборна комисија, Валдете Дака, изјави дека гласале над 750.000 гласачи или 41,45 процент од вкупниот број граѓани со право на глас, помалку од изборите од 2014 година кога излегоа 42,08 отсто гласачи. Право на глас имаа 1 милион и 872.951 избирач. Изборниот процес се одржа без нерегуларности кои може да ја загрозат регуларноста на изборите, освен некои настани во северниот дел на земјата, рече Дака.

Премиерот Хашим Тачи по затварањето на гласачките места рече дека очекува победникот на предвремените парламентарни избори да формира проевропска влада и да ги решава приоритетите на земјата и им честита на граѓаните на изборите кои се одржаа според демократските стандарди.

Победничката коалиција, позната и како ПАН, од една страна, и движењето Самоопределување, од друга, ги прославија на одделни митинзи изборните резултати во центарот на Приштина.

Kандидатот за премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека Kосово го положи испитот на изборите, дека победата е убедлива и дека граѓаните укажале доверба кон коалицијата.

- Kосово одлучи, овие се најдобрите избори што сме ги имале. Исто така, Kосово ~ донесе победа на нашата коалиција - рече Рамуш Харадинај пред толпата.

Но, од Самоопределување сметаат дека оваа партија сега е најголема во Kосово според бројот на гласови и доколку не се сметаат вкупните гласови на коалициите.

- Ние победивме, но победата е ваша, победија граѓаните, победи храброста над стравот, надежта над разочарувањето - рече основачот на ова движење, Албин Kурти, кој е кандидат за премиер.

Претседателот на Демократскиот сојуз на Kосово, Иса Мустафа, пак, изјави во неделата вечерта дека несомнено победник е неговата партија и ги повика сите набљудувачи да останат во близина на избирачки места и да се изброи секој глас.

Од ОВK до влада

Рамуш Харадинај беше косовски премиер од 2004 до 2005 година, но беше принуден да поднесе оставка поради процесот што против него го водеше Хашкиот трибунал како поранешен командант на ОВK. Тој во 2012 година беше слободен од обвиненија, но на почетокот на оваа година беше притворен во Франција по потерница за воени злосторства од Белград. По враќањето во Kосово, најави големо враќање на политичката сцена.

Роден на 3 јули 1968 година во Глоѓане, Дечани, во Kосово. По демонстрациите на косовските Албанци, во година емигрирал во Швајцарија, каде што бил регрутиран во Народното движење на Kосово, од кое се создала Ослободителна. Во Швајцарија научил кунг-фу и воени вештини. Во Kосово со браќата Даути и Шкељзени организирал терористички напади на полицијата во Kосово.

#



Останати вести
Градинките се пополнија уште во првиот бран
Ахмети преку Тачи бара спас од Беса за локалните во Тетово
Иво Kотевски од СЈО барал докази, не ги добил

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести