период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 21.04.2017, 17:52

СОБРАНИЕ

СДСМ чека ДУИ со Манојловски да иницира смена на Вељаноски

Решението за деблокада на Собранието и избор на новата влада, лидерот на ДУИ Али Ахмети го очекува како исход од разговорите меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, наспроти негирањето на двете македонски партии дека двајцата лидери одржуваат тајни средби.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи останува на ставот дека има средби меѓу Груевски и Заев. Од ДУИ не сакаат да зборуваат за детали, но како што велат средбите се за да се одблокира Собранието и конечно да се формира новата влада. Од СДСМ, пак, иако не откриваат како ќе го деблокираат парламентот, најавија дека за неколку дена ќе биде избран новиот претседател на Собранието, а наскоро и новата влада.

Пратеникот од коалицијата предводена од СДСМ, Енес Ибрахими вчера го потврди тоа.

- За неколку дена ќе има претседател на Собранието, а наскоро и нова влада - рече на прес-конференција во Собранието пратеникот Ибрахими и додаде дека по доделувањето на мандатот на СДСМ ќе се разговара кој ќе биде дел од Владата, а ќе се знае и кој ќе биде во вториот и третиот ешалон.

Лидерот на СДСМ, Заев во интервју за српско-американската телевизија „Н1“ на прашањето како го гледа излезот од кризата, вели дека верува оти во почетокот на мај, Македонија ќе има нова влада. Тој не прецизира како ќе се дојде до избор на претседател на Собранието, ниту дали новата влада е подготвен да ја прави без мандат од престедателот на државата, Ѓорге Иванов.

Заев вчера по средбата со италијанскиот амбасадор во земјава порача дека е неопходна итна деблокада на демократските процеси. Тој повтори дека парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска влада, според Уставот, Деловникот и законите во Македонија.

Функционери на ДУИ речиси секојдневно лиферуваат информации дека Заев и Груевски изминатиов период континуирано имаат средби и дека решението на институционалната криза се очекува да дојде токму од средбите на двајцата лидери.

И додека Ахмети ги охрабрува Груевски и Заев да најдат решение бидејќи како што велат, ДУИ го изодела својот дел од патот за формирање ново парламентарно мнозинство и нова влада, од СДСМ брифираат дека една од опциите за деблокирање на парламентот очекуваат да ја иницира ДУИ. Според информации од СДСМ, сега ДУИ треба да побара највозрасниот пратеник Бранко Манојловски да го смени претседавачот со конститутивната седница Трајко Вељаноски. Социјалдемократите го очекуваат ова бидејќи на координацијата на претставниците на партиите за претседавач со конститутивната седница, ДУИ дала виза Вељаноски да претседава. Токму поради ова, СДСМ сега очекува ДУИ да го направи потегот за да се смени претседавачот со седницата и да се одблокира Собранието. Но, неизвесно е дали ова сценарио на СДСМ ќе успее бидејќи од ДУИ остануваат на позицијата дека нема да преземат чекори што може да бидат ризични и да предизвикаат дополнителна криза.

Мариела Траjковска

#



Останати вести
Убиениот напаѓач бил во затвор за обид за убиство на полицајци
Агентот Бени имаше интересна улога во градбата на „Бондстил“ на Kосово
Јонуз Муслиу: Прешевската Долина сака да се присоедини кон Kосово, Вучиќ не е наш претседател

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести