период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 20.04.2017, 18:01

ПОЧНА ТРИДНЕВЕН ПРОТЕСТ

Министерот Ибрахими: Барањата на родителите на децата со посебни потреби се прифатливи

Повеќето од барањата на родителите на децата со посебни потреби се прифатливи и Министерството за труд и социјална политика ќе работи на нивното остварување, изјави вчера министерот Ибрахим Ибрахими. Тој ги посети родителите кои вчера пред Собранието на РМ поставија шатори во кои ќе престојуваат три дена и ќе ги повторуваат барањата, кои како што велат, ги доставиле до сите релевантни институции и до партиите пред молкот на изборите.

- Веќе сум ги добил барањата и за повеќето од нив ќе дадам поддршка. Kако прв човек на Министерството имаат подадена рака од мене. Оние барања што првично ги видов во делот на законските измени како министер, им ветувам дека ќе ги разгледаме и повеќето од нив што се однесуваат на работата на Министерството за труд и социјална политика се прифатливи - потенцира Ибрахими.

Родителите од здружението „Сплотени срца“ истакнуваат дека барања се остварливи и дека многу малку треба да се направи за да стапат во функција, со што ќе им се подобрат условите на децата со посебни потреби. Зоран Мијалков, родител на дете со посебни потреби, рече дека едно од барањата е и обезбедување иднина на децата по смртта на родителите и тоа преку нивниот имот кој би го отстапиле на државата, а за возврат таа да се грижи за нив до крајот на животот со обезбедување пристојни услови.

- Н` спои заедничката мака, а се повикуваме на совеста на пратениците. Има закони што гарантираат права за нашите деца, но важат само на хартија. Сакаме да бидеме партнери со сите што можат да помогнат, особено институциите. Ние само ако треба, ќе го одиме патот, но зад нас да стојат институциите. Има болни родители, што ќе биде со нивните деца кога нив ќе ги нема. Се надевам дека новата влада ќе има повеќе чувство за нашите деца. Бараме државата да биде покровител на нашите деца по нашата смрт. Еве јас сакам државата мојата куќа во Штип да ја искористи како бенефит на моето дете. Ако јас и мојата сопруга починеме, моето дете ќе заврши во Демир Kапија, а тоа не е за таму, роднините ќе го поделат имотот, а детето кој ќе ми го гледа? - се прашува Мијалков.

#



Останати вести
Цел сме на политички притисок од СЈО, дипломатскиот кор игнорира
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести