период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 27.03.2017, 14:03

Подигнете им го имунитетот со храна

Децата кои пијат јогурт имаат 19 проценти помал ризик за настинки и инфекции

Дали е можно грицките кои им ги давате на децата да го зголемат ризикот за настанување различни болести? Можно е, секако, но некои продукти исто така може многу да му помогнат на вашето дете да го зајакне организмот. Ова се тие:

* Јогурт
Јогуртот содржи пробиотици што се важни за правилно функционирање на дигестивниот систем. Покрај правилно варење, пробиотиците го зајакнуваат имунолошкиот систем и му помагаат на телото да се брани од болести. Во една студија се покажало дека децата кои консумираат јогурт на дневна основа, имаат 19 проценти помал ризик за настинки, инфекции на увото и грлото. Побарајте јогурт што содржи живи бактерии. Кога ќе го отворите видете дали на врвот се собра малку течност - тоа е добар знак.

* Кефир
Овој млечен производ исто така е одличен извор на пробиотици. И додека вкусот прво може да ви биде чуден, многу брзо ќе се навикнете на него. Иако нема многу научни истражувања на тема кефир, сепак докажано е дека го јакне имунолошкиот систем.

* Ореви
Оревите се одличен извор на омега 3 масни киселини, кои се добри за вас од повеќе причини. Експертите сметаат дека омега 3 масните киселини му помагаат на телото да се бори против болестите. Во една студија се покажало дека го намалуваат ризикот од инфекции на респираторниот тракт.

* Овошје и зеленчук
За зајакнување на имунолошкиот систем најдобри се продуктите со високо ниво на витамин Ц, како што се цитрусни овошја, јагоди, пиперки, брокула и батат. Експертите не се сигурни за тоа колкаво количество витамин Ц е неопходно да внесувате во организмот за да се спречи појавата на грип или настинка.

* Немасно месо
Немасното месо е одличен извор на протеини. Исто така е одличен извор на цинк, за кој истражувања покажале дека им помага на белите крвни клетки во борбата против инфекциите.

#



Останати вести
И премногу овошје дебелее
Маслиново масло за мазна кожа и сјајна коса
Kога лактозата прави проблем, имате подуеност и гасови
Не дозволувајте и' на депресијата да ја уништи љубовта
80 отсто од слабеењето зависат од исхраната, а само 20 отсто од вежбањето
Правот од коноп спречува болести на срцето
Белиот слез е нужен за пушачите

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести