период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 21.04.2017, 17:02

Преработил сигнален пиштол во смртоносно оружје

Полицијата поднесе кривична пријава против Љ.М. (29) од Пробиштип кој преработил сигнален пиштол во огнено оружје, информира МВР. Тој се товари за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Според полицијата, Љ.М. во јануари годинава неовластено набавил пиштол за светлосно-звучна сигнализација во калибар 9 милиметри и 50 куршуми за истиот. Осомничениот потоа извршил корекција на пиштолот, односно ја отстранил фабрички вградената пречка во цевката, со што овозможил од оружјето да се испалува бојна муниција во калибар 9 милиметри. Освен ова, Љ.М. извршил корекција на 41 од набавените куршуми, така што и тие можеле да се испалуваат од оружјето.

#



Останати вести
Ограбен манастир во Делчево
Kрадец на акумулатори со нож расекол полицаец
Ученик претепал наставник во училиште во Симница
Спречена експлозија на гасна станица, изгореа макети од постземјотресно Скопје

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести