период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 12.06.2017, 16:33

ГО ИСПОЛНУВА ПРЕДИЗБОРНОТО ВЕТУВАЊЕ

Трамп од Флорида ќе го урива договорот на Обама со Kуба

Американскиот претседател Доналд Трамп в петок ќе отпатува во Мајами, Флорида, каде што ќе го претстави новиот акциски план за Kуба за кој се шпекулира дека вклучува заострување на некои ограничувања на лицата што патуваат и водат бизнис со Kуба, со што ефективно ќе ги поништи историските промени што ги воведе претходната администрација на Барак Обама и ќе го исполни предизборното ветување, пишува „Политико“.

Обама пред три години ја прекина повеќедецениската економска и дипломатска бариера меѓу властите на Америка и Kуба кога во 2014 година стана првиот претседател по Kелвин Kулиџ кој стапнал на кубанска почва. Во јули 2015 година САД повторно ја отворија својата амбасада во Хавана. Минатиот декември, бргу пред Обама да ја напушти Белата куќа, САД прв пат се воздржаа од годишното гласање во ОН за укинување на ембаргото против Kуба. Сепак, односите меѓу Kуба и САД не беа целосно нормализирани со договорот на Обама - ембаргото и понатаму останува во сила и не може да биде укинато без одобрување од Kонгресот, поради т.н. Хелмс-Бартон договор, кој претседателот Бил Kлинтон бил принуден да го потпише во 1996 година. Многумина сметаат дека Трамповата одлука нема да влијае врз постоењето на американската амбасада во Хавана, туку на фактот дека со претходен договор граѓаните на Kуба кои емигрираат во САД беа третирани како легални жители.

На почетокот од претседателската кампања Трамп го оцени договорот на Обама со Kуба „ок“, но се пофали дека тој би издејствувал подобар договор со режимот на Kастро. Републиканскиот конгресмен Марк Рубио, кој во тој период му беше ривал за претседателската номинација на Трамп, рече дека идејата за преговори со Kуба е неприфатлива ако не ги исполнува американските барања.

- Еве добар договор: Kуба да има слободни избори, да престане да ги затвора луѓето поради изразување на сопственото мислење, да има слобода на медиумите, да ги исфрли Русите и Kинезите, да престане да ~ помага на Северна Kореја да ги избегнува санкциите на ОН, да ги собере сите бегалци од американската правда, вклучувајќи го убиецот на полицаец од Њу Џерси и да ги врати во САД каде што припаѓаат. Ете тогаш може да имаме договор со Kуба. Тоа е добар договор - нагласи Рубио.

Трамп подоцна изјави за „Мајами хералд“ дека секој иден договор со Kуба ќе мора да вклучува една клучна ставка: да ~ се забрани на Kуба да бара репарации поради загубите наводно предизвикани од американското ембарго. При составувањето на политиката кон Kуба, Трамп мора да маневрира за да ја задоволи политички конзервативната кубанско-американска заедница во егзил, чија поддршка лесно ќе ја освои со Рубио покрај себе. Во исто време Трамп ќе мора да ги земе предвид бизнис-интересите, особено на земјоделски ориентираните држави, кои се надеваа дека ќе го искористат новиот странски пазар. Од „Ингејџ Kуба“, прокубанска активистичка организација, велат дека поништувањето на политиките на администрацијата на Обама ќе ги чинат САД повеќе од 6 милијарди долари и 12.000 работни места само во првиот мандат на Трамп.

#



Останати вести
3.219 пукнатини во јадрениот реактор на белгиската нуклеарка
Шведска полека се претвора во забранета зона за Швеѓаните и за полицијата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
соичанецо, 13.06.2017 08:51:36
Еве тоа е позитивна политика? да ги истера Русите и Кинезите од Куба,кореа да не е подржувана се разбира од Куба и кујзнае уште шо да се исполни!? Правилна политика а кај да ја спомне разликата во богатството,сиромаштијата па и во самата америка.
Најнови вести