период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 21.04.2017, 17:56

ПОРАKИ ОД СИНОЌЕШНИТЕ ПРОТЕСТНИ МАРШЕВИ

Одиме до крај за зачувување на Македонија

Живееме во време кога се пишува историја, кога Македонија ги има најголемите и најмасовни протести во својата историја и затоа одиме до крај во нашата цел за зачувување на Македонија, гласи вчерашната порака на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со која беа најавени синоќешните мирни протести. Во Скопје и во другите градови во Македонија, веќе 54 дена се одржуваат протестни маршеви против тиранската платформа и федерализација на земјата. Во најавата за синоќешниот масовен протест во Скопје организаторите најавија дека „петок е денот кога ќе го соопштат нивниот план за натаму“.

- Македонија ги има најмасовните протести во историјата. Тоа н` прави должни и уште посилни да истраеме во нашата битка, која е битка на принципи, вредности, верувања, битка за зачувување на државата, суверена, унитарна, граѓанска. И во овие времиња воопшто не е едноставно на која страна сте и што сте направиле. Сега секој од вас на вашите поколенија може со гордост да им каже, да јас бев за заедничка Македонија, да јас бев дел од одбраната на државата. Петок 21 април е денот кога ќе го соопштиме нашиот план и нашите барања. Тоа е гласот на стотици илјади граѓани кои н` поддржуваат во нашата борба. Сите заедно и масовно како досега во еден глас да порачаме дека одиме до крај во нашата цел за зачувување на Македонија. Петок е денот! - порачаа вчера од граѓанската иницијатива спроти протестот што се одржа доцна попладне и во вечерните часови.

На завчерашниот протестен марш во Скопје, Богдан Илиевски, еден од членовите на иницијативата се обрати пред народната канцеларија на претседателот Иванов во центарот на Скопје, каде што потсети како изгледаше оваа канцеларија пред една година за време на шарената револуција, а како изгледа сега. 

- Педесет и три дена се премалку во борбата за зачувување на унитарноста на Македонија и ќе продолжиме да доаѓаме колку и да треба. Човекот кого го претставува Народната канцеларија, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, издржа сите 53 дена и со голема помош од сите нас. Го охрабруваме да продолжи достојно да ја брани заклетвата што ја положил кога станал наш претседател. С` додека е со високо дигната глава и исправен ~рбет и ние ќе сме тука со него - истакна Илиевски.

Актерот Ванчо Петрушевски на собирот порача дека само со истрајност ќе победиме.

- Уште 1.053, уште 5.053 дена ќе останеме тука, знаеме зошто сме дојдени. За да го одбраниме она што ни е свето, нашето име, нашата татковина, нашата Македонија. Само со нашата истрајност ќе победиме. Сите странски емисари си отидоа, платениците на Сорос се вратија посрамени дома. Нема да помине предавничката коалиција, нема да им помине на луѓето предавници кои не си ја сакаат својата татковина. Да не се закануваат дека ние шириме омраза, ние шириме љубов кон нашата татковина - рече Петрушевски.

Пред присутните говореше и пејачот Трајче Манев кој им порача на политичарите „да не ја виткаат кичмата и да не прават глупости“.

- Во мојата кариера имам прошетано во многу земји, но како нашата Македонија нема никаде. Македонија е срцето и душата на Балканот. Нема да дозволиме тоа срце да престане да чука, затоа што 53 дена фигуративно сите го слушаат тоа срце - рече Манев.

На протестот во Неготино пред присутните се обрати Ване Дупкаров. 

- Тука пред вас стојам, како загрижен граѓанин, Македонец кој се грижи за својата држава, за семејството, кој сака неговото дете да зборува македонски, да учи на македонски, да пее како мене на македонски - рече Дупкаров. 

Од протестниот марш во Kавадарци, Зоран Станоев-Дејзи порача:

- Имаме еден избор. Една химна, еден јазик, една држава за сите нас. Сите сакаме заедничка држава и единствена платформа за заедничка Македонија - рече Станоев. 

Во Охрид, Делчо Максимоски укажа дека мутации и пенетрации со платформи од туѓи држави се неприфатливи.

- На сите Македонци насекаде во светот сакам да им порачам дека ова не е некоја индивидуална таргет-група која бара некои општи работи, туку ова е здружение „За заедничка Македонија“ кое има класично општествени, државни и национални интереси, а тоа е егзекуција на тиранската платформа и зачувување на унитарниот карактер на Македонија - рече тој.

На протестниот собир во Kочани педагогот Гордана Манева ги повтори барањата за унитарноста на државата и за зачувување на единството.

- Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме за навек. Сакаме да живееме во држава со унитарен карактер, да го почитуваме нашето единство и слога и да не дозволиме мешање од страна - истакна Манева.

И од протестот во Kичево беше порачано дека откажување нема додека не се постигне целта за која стотици илјади граѓани протестираат еден и пол месец.

- Ќе продолжиме с` додека сите инволвирани не се откажат од платформи создадени во туѓи држави. Имаме една заедничка татковина што треба заеднички да ја градиме, но исто така и заеднички да ја браниме - рече Даме Силјаноски.

Протестни маршеви имаше и во Струмица, Kуманово, Битола и во многу други градови во цела Република Македонија.

#



Останати вести
Рудникот во Kазнадол има финска опрема за еколошка безбедност
Г.г. Стефан во Тетово: Зошто за други сме подготвени да дадеме с`, а за нас не?
Смртоносно е и доближувањето на еден и пол метар до електричната мрежа над возовите
Јункер помогнат од в.д. портпаролот Тонер сака да му ја скрши раката на Орбан

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
прашање, 21.04.2017 22:18:31
Единствено што вие можете да сочувате е само еден дел од Македонија,оној дел што ќе остане кога Албанците ќе се отцепат заедно со западна Македонија. А тоа ќе биде по ваша „заслуга“.
Македонија вечна, 22.04.2017 00:08:28
Македонија на македонците и на сите оние кои со почит гледаат кон нејзината унитарност и сувереност, а одродените нека ги казни Господ.
Најнови вести