период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 21.04.2017, 17:09

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИKА

Просечната плата во февруари е 363 евра, 2,4 отсто повисока од лани

Македонците во февруари годинава заработувале во просек по 363 евра нето-плата или 22.347 денари, што е зголемување за 2,4 отсто во однос на февруари лани, а намалување на просекот во однос на јануари за 6 евра. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, според кои во однос на декември кога имаше енормни скокови на платите кај некои дејности и за четирипати, платите во јануари и февруари се враќаат во нормала како во претходните месеци од минатата години.

Статистиката покажува дека зголемувањето се должи, пред с`, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 11,9 отсто, информации и комуникации за 6 отсто и рударство и вадење камен за 4,9 отсто.

Пресметките говорат дека намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на декември 2016 година имало во секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,1 отсто, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 7,3 отсто и рударство и вадење камен за 5,4 отсто.

Со просек од две или над две просечни плати на листата на најплатени и во февруари останале стандардните сектори, воздухопловците, компјутерските програмери и консултанти, производителите на фармацевтски производи, вработените во финансискиот сектор, правници и сметководители.

Во февруари годинава вработените во воздухопловниот транспорт пак се враќаат на приматот најплатени со просек од 52.756 денари што пак е намалување во однос на јануари кога просечните плати во дејноста била 60.476 денари.

Втори на листата се програмерите со просечна плата од 49.180 денари, а трети се вработените во дејноста складирање и помошни дејности во транспорт со 44.352, а тука некаде се и фармацевтите со 43.260 денари. Следуваат вработените во правни и сметководствени дејности со 42.208 денари просечна нето-плата во февруари, па во финансиско-услужни дејности со 41.437 денари, па телекомуникацискиот сектор со 39.518 денари.

Енормни скокови во платите како во декември лани, речиси и да нема во ниеден сектор. Освен скокови надолу како во секторот спортски, забавни и рекреативни дејности каде што декемврискиот просек изнесувал неверојатни 178.351 денар, за во јануари да биде потпросечна или 21.767 денари и во февруари се околу тој износ или 21.856 денари.

Најдолу на скалилото по месечната заработувачка остануваат текстилците, работниците од рибарството и аквакултурата и производството на кожа, кои земаат околу половина од просечната плата во земјава. Така просекот во рибарството е 10.590 или за 3.000 денари понизок од просекот во јануари, во производство на облека 13.069 денари или малку повисок од јануари кога изнесувал 12.959, а вработените во кожарството се со просечна плата за февруари од 11.799 денари.

Александра Филиповска

#



Останати вести
Признание од „Глобал фајнанс“ за Охридска банка
НБРМ: Раст на кредитите во март
Во Виничко ќе се посеат 100 хектари ориз
Пролетниот мраз ги обра овошките и виновата лоза
Јапонскиот извоз скокна 12 отсто на годишно ниво
„Американ експрес“ со намалена добивка од 1,21 милијарда долари
ФЕД ја казни Дојче банк 150 милиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести