период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 12.06.2017, 17:38

СЕ БАРА МЕСТО ПОВЕЌЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА НАЈМЛАДИТЕ

Градинките се пополнија уште во првиот бран

Место повеќе за згрижување на децата се бара во повеќето од градовите во земјата иако сме само на половина од годината, а уписот трае цела година. Така, според сознанијата, во добар дел од градовите каде што се пополнети местата сега се прават листи на чекање во случај некои родители да се откажат од местото што го добило нивното дете во некоја од овие детски установи. Листи на чекање има и во општините Центар, Аеродром, Бутел, Kисела Вода, но и во Битола, Прилеп, Охрид, Струмица... Практично, слободни места има само во некои градинки во помалите места во Македонија, каде што с` уште функционира баба-системот на чување.

Од Министерството за труд и социјална политика вчера ни изјавија дека с` уште ги собираат податоците каква е состојбата со детските градинки, но, како што велат, во годините наназад проблемот со листите на чекање на децата им е познат.

- Очајна сум, немам кому да му го оставам детето. Јас сум од Охрид, а сопругот од Битола. Се обидувавме на смени да ги носиме родителите кај нас дома. Немаме пари за приватни градинки, но згора на с`, повеќе им верувам на државните градинки. За мене е незамисливо да не можам да си го запишам детето во градинка до пет години. Еве, преку лето го пуштаме малку кај едната баба, па кај другата, па одиме на одмор и добро е. Но, од септември што ќе се прави. Државата мора да најде алтернативни решенија - вели Соња Димовска, вработена во приватна фирма.

Најалармантна е состојбата во градинките во Скопје, Битола, Прилеп, но и Охрид и Струмица. Ана Серафимовска, директорка на детските градинки „Росица“ во општина Ѓорче Петров, вели дека нема веќе слободни места за упис на дечиња и дека во моментот во групите има повеќе деца од пропишаното.

- Со години е познато дека во општината нема место за сите деца чии родители сакаат да ги запишат во градинка. Отворивме неколку нови објекти, но сепак во моментот имаме листа на чекање од 600 деца. Бројот е многу голем - додава Серафимовска.

Директорите од неколку градинки коментираат дека притисокот на родителите е голем и дека не избираат средства како да фатат познајници кои може да лобираат за упис.

- Групите со деца се прекубројни, затоа не треба по секоја цена да се запише дете во градинка. Нашиот персонал е исцрпен, многу деца, многу табиет родители. Знам дека сите што бараат да им се запишат децата во градинка, навистина имаат потреба од такво нешто, но, верувајте, тоа не е добро за децата. Во нашата општина треба да се отворат најмалку уште десет градинки за да може секое дете да си го најде своето место - вели одговорна во детска градинка во општината Аеродром.

Некои родители кои успеале да го запишат детето сега плаќаат полна сума за чувањето и кога детето не го носат.

Министерството за труд и социјална политика, за да го надмине проблемот со пренатрупаност на децата во градинките, за сите што сакаат да чуваат деца во домашни услови им овозможи обука и лиценца за дадилки. Но, до денеска ниту една дадилка која чува деца во семејствата не побарала, ниту добила лиценца за работа. Дарка Петрушевска една од одговорните во одделението за детска заштита при Министерството и вели дека целта на воведувањето лиценци била родителите да добијат поголеми гаранции дека лицата на кои родителите им ги доверуваат деца ги задоволуваат критериумите што ги определила државата.

Мариjа Тасев

#



Останати вести
Рамуш на чекор вторпат да стане премиер на Kосово
Ахмети преку Тачи бара спас од Беса за локалните во Тетово
Иво Kотевски од СЈО барал докази, не ги добил

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести