период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 20.04.2017, 15:22

МУЗИЧKА ПОРАKА НА ГИТАРИСТОТ

Македонската транзиција низ очите на Гуру Харе

„Заглавени во транзиција“ е новата композиција на музичарот Игор Атанасоски - Харе. Темата со видеозаписот кој го потпиша Александар Јанковиќ - Фриц веќе е достапна за преслушување на неговиот канал на „Јутјуб“. Во проектот кој е снимен во студиото „Тра, ла, ла“ на Мите Димовски партиципираа и инструменталистите Жарко Пејковски - Жба, Трајко Симоновски - Таци и Златко Михајловски - Бумбар.

Популарниот Гуру Харе со актерот и шоумен Игор Џамбазов и реномираниот пејач и поет Сашо Гигов - Гиш на почетокот од годинава го претстави новиот музички проект, триото „Старите мачори“. Блиските пријатели и соработници по првиот заеднички рефрен „Промена“ наскоро ќе ги изненадат фановите со уште една композиција.

Атанасоски, кој беше дел од оригиналната постава на „Банкрот блуз бенд“, а низ годините оствари соработка со многу домашни музичари и вокалисти, пред две години го издаде својот прв самостоен проект, албумот Overdose од blues.

#



Останати вести
Мојот последен албум секој гостин ќе го добие бесплатно
„Парамор“ се враќа со нов албум
Ревија во цветна градина на покрив
Матине со француски бендови и домашни диџеи пред МKЦ

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести