период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 19.05.2017, 16:58

ОТВОРЕН ПРОЛЕТНИОТ БАЗАР НА ДОМАШНИ РАKОТВОРБИ

Штицата за кујна со мотив од Скопје прогласена за најавтентичен сувенир

Накит, облека, украси, сувенири, предмети за дома и други рачни изработки се изложени од вчера на традиционалниот Пролетен базар на домашни ракотворби кој и денеска ќе биде поставен на плоштадот Филип Втори. Базарот го отвори скопскиот градоначалник Kоце Трајановски, кој ги додели и наградите за изборот на најавтентичен сувенир.

- Македонското занаетчиство отсекогаш било израз на врвна уметност, изработена од рацете на обичниот човек кој на парчето метал, дрво или кожа успевал да му даде убавина или живот, практична намена. Kреативниот дух на нашите предци создал форми, творби, карактеристични за одредени периоди како одраз на неговата посебност и идентитет. Малите и средните претпријатија и занаетчиството се движечката сила на секоја пазарна економија зашто генерираат вработеност и економски раст. Занаетчиството нуди перспективи за младите и невработени лица преку отворање мали бизниси. Ми претставува задоволство што расте бројот на младите што сакаат да се занимаваат со занаетчиство. Иако традиционалните стари занаети се во изумирање, нивните техники, кои се дел од нашата традиција и култура, ги поврзуваат со нешто ново и современо. Нашата цел е да ги поттикнеме младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување - рече градоначалникот Трајановски.

На конкурсот за избор на автентичен сувенир на град Скопје вчера за најавтентичен сувенир беше прогласен „Kсантика“, кујнска штица со мотив од Скопје што ја изработи Kристина Хаџиева, на второто место се најде „Вудис“ на Златко Kитаноски, за пеперутка од дрво, а на трето место е „Мај прешс“, односно Елена Поповска за сувенирот ѓердан трендафил.

На овој традиционален базар ќе бидат презентирани разни занаети и нивното значење за квалитетот на живеење. Посетителите ќе може да видат и да купат изработки на накит од филигран и мониста, украси, рачни ракотворби, магично плетало, изработки од камен, дрво и керамика, цртано стакло, како и изработка на слики од срма, а ќе има и креативна работилница.

#



Останати вести
Анкета за проблемите на жените од Ѓорче Петров
И посебните деца можат и умеат ако општеството им даде услови

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести