период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 13:03

ТЕРАПИЈА СО ХРАНА

Енергијата што телото ја добива со постење ја троши на самоисцелување

Постот може да донесе многу придобивки за вашето тело - и физички и ментални. Со право се нарекува "чудо од третман", бидејќи листата на физички придобивки од постот е долга и разновидна. Станува збор за алергии, артритис, дигестивни нарушувања, проблеми со кожата, кардиоваскуларни заболувања, астма, рак. Постот ги поттикнува механизмите во човечкото тело кон исцелување и води кон подобрување на состојбите со која било болест.

Како влијае на организмот?

Постот ќе го одмори вашиот дигестивен систем, ќе му овозможи чистење и детоксикација на телото и ќе доведе до чувство на леснотија и зголемување на нивото на енергија. Постот е одличен лек за сите наши "штетни" задоволства. Нема ништо лошо во уживањето во храна, но долготрајното внесување вишок храна е голем товар за телото. За време на постот нашето тело се одмора од постојаните напади со храна. Енергијата што ја штедите во текот на постот телото ја насочува кон лекување и закрепнување. Оваа енергија ги ослободува клетките од токсините, се регенерираат ткивата и органите и го отстранува природниот метаболички отпад кој го произведуваат дури и здравите клетки.

Немојте да сметате дека постот сам по себе е лек. Постот всушност креира погодни услови за самолекување. Нашиот организам знае сам да се лекува, а с` што треба ние да направиме е да не му пречиме додека го прави тоа. Самиот почеток на постот никогаш не е лесен, па веројатно на почетокот ќе чувствувате многубројни непријатности на патот кон детоксикацијата. Сепак, многу брзо ќе се почувствувате полесни и дека имате повеќе енергија. Ќе ве опфати занес и ќе ви биде потребно помалку сон од вообичаено, за да се чувствувате свежо.

Некои од предностите што ги носи постот се:
* зголемена отпорност на болести
* закрепнувачки сон
*чиста кожа
* детоксикација
* подобрени сетила
*повеќе енергија
* намалување на симптомите на алергија
*регенерација и ревитализација
*одмор на дигестивниот систем
*губење на тежината
* подобрување на состојбата на многу болести

Повеќе видови пост

Постојат најразлични видови пост, а најдобро е да започнете со некој едноставен и пократкотраен. Дури и краткиот пост ќе му даде на вашето тело, дигестивен систем и организам, шанса за одмор. Сите видови пост имаат нешто добро да понудат, а вашиот избор ќе зависи од вашиот животен стил, здравствените проблеми и цели.

* Сув пост
Сувиот пост е најекстремен облик на пост. Кај сувиот пост во кратки периоди (обично на еден ден) забрането е внесување храна и вода.

* Течен пост
Како што сугерира и самото име, со овој пост се внесува само течност. Пост со вода е наједноставен и веројатно најстар вид пост. Му дава на вашето тело терапевтски предности во краток период бидејќи детоксикацијата се одвива побрзо. Во овој вид пост спаѓа и популарниот пост со овошни и зеленчукови сокови.

* Делумен пост
Овој пост вклучува и цврста храна. Тука спаѓаат различни диети за чистење на организмот или монодиети како пост со помош на ориз.

Како се започнува со пост

Најдобро е да се почне со едноставен пост со сокови или овошје. Пост кој вклучува сокови е одличен начин на детоксикација бидејќи го подобрува вашето здравје и виталност. Свежите органски сокови ќе му помогнат на вашето тело да ги исфрли сите лоши материи од организмот. Овој пост му дава на вашето тело квалитетни хранливи состојки кои организмот може да ги користи за повторна регенерација. Може да користите овошни и зеленчукови сокови, но не е добро да ги мешате. Избегнувајте вештачки сокови во тетрапак. По можност користете само свежо цедени органски овошки и зеленчуци.

Како да го изберете најдоброто овошје и зеленчук:
- Јаболката се одлични за црниот дроб и цревата.
- Капините спречуваат дијареја и ја вадат слузта.
- Боровинките го зајакнуваат имунолошкиот систем и ја намалуваат треската.
- Грозјето ја прочистува крвта и помага на здравјето на дебелото црево.
- Лимоните се добри за црниот дроб и за мочниот меур, помагаат при алергии, астма, кардиоваскуларни болести и настинки.
- Портокалот го зајакнува имунолошкиот систем и помагаат кај кардиоваскуларните болести, дебелината и проширенита вени.
- Праските го подобруваат изгледот на кожата и помагаат при детоксикација.
- Крушите го намалуваат високиот крвен притисок и се одлични за мочниот меур.
- Ананасот е добар за очите и кожата, помага при алергии, артритис и воспаление.
- Репката е погодна за крвта и црниот дроб, помага при артритис и менструалните проблеми.
- Зелката е добра за дебелото црево, а помага против чиреви.
- Морковите се добри за очите и кожата, влијаат против инфекции и помагаат при артритис и остеопороза.
- Целерот е одличен за детоксикација и за бубрезите.
- Доматот го подобрува дигестивниот систем и штити од неколку видови рак.

Практикувајте пост еднаш неделно, с` додека не ги снема нуспојавите на детоксикацијата. По тоа пробајте да постите со еднодневен пост само со вода, два до трипати месечно.

Кога практикувате пост со сокови, пијте три до пет чаши разреден сок дневно. Ако имате болки во стомакот, користете многу разреден сок или држете го малку во устата пред да го голтнете за да се измеша со вашата плунка. Покрај соковите пијте и две до три литри вода дневно. Во водата може да додадете и исцеден лимон. Дозволени се и една до две чаши чај. Свежиот сок треба веднаш да се пие и тоа полека. Ако страдате од каква било болест, пред почетокот на постот задолжително да се консултирате со својот лекар.

Лесни вежби

Пред да почнете со постот, подгответе се така што неколку дена претходно ќе јадете помали оброци и полесна храна. Додека постите немојте премногу да вежбате. Лесната вежба е добра, дури се препорачува, но не и тешки и исцрпувачки вежби. Пешачењето и јогата се добри за време на пост. Не заборавајте и добро да се одморите, секогаш кога ќе почувствувате потреба за сон, спијте малку. Прекинот на постот треба да биде лесен исто како и на почетокот. Внимателно и полека во исхраната внесувајте нормална храна. За почеток супа од зеленчук. По постот немојте веднаш да се вратите на старите навики. Јадете го само тоа што е добро за вас.

#



Останати вести
Ренот ја чисти крвта и помага при исфрлање камен од бубрезите
Куркуминот ги принудува туморските клетки на самоуништување
Козметика од јајца за чистење и обновување на кожата
Нарушената работа на хипофизата прави многу проблеми
Помош од природните бранители - лук, прополис и маточина
Физичката активност ја намалува фреквенцијата на нападите
Насочете се на тоа што го сакате, а не на она од кое бегате

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести