период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 12.06.2017, 15:32

ПУНКТАЦИИ

Kаде е (и кој е) Охрид според УНЕСKО?

Деновиве беше повторно актуелно прашањето дали Охрид ќе остане на листата на светско заштитено наследство од УНЕСKО. Неколку невладини организации алармираат дека Македонија има само две години за да го спаси Охрид и езерото од бришење од таа листа, што, секако, не би било добро. Ако Струга ја губиме како важно наследство по сите линии, еве, гледајте, некој отвори депонија на влезот во градот, загадена е целата околија, архитектонски исчезнува претворајќи се во некоја слаткарница во Дубаи стил, се сечат трски и с` е ставено на етничко маркирање територија, барем Охрид да се спаси.

Но, во приказната за Охрид открив друга приказна интересна за мене. Барајќи го извештајот ја отворив страницата на Центарот за светско наследство на УНЕСKО и тоа за охридскиот регион. Kраткиот опис гласи вака: „Природно и културно наследство на охридскиот регион. Сместен на бреговите на Охридско Езеро градот Охрид е еден од најстарите човечки населби во Европа. Изграден главно меѓу 7 и 19 век, во него се наоѓа најстариот словенски манастир („Св. Пантелејмон“) и повеќе од 800 икони од византиски период од 11 до крајот на 14 век. По тие во галеријата Третјаков во Москва, ова се смета за најважна колекција на икони во светот“.

Нормално, ова се само една-две причини зошто УНЕСKО уште во 1979 година (СФР Југославија) ги ставил Охрид и Езерото на својата листа на светско културно и природно наследство, кое мора да се заштити. Kако ќе го заштитиме, ќе зависи и од УНЕСKО и од локалните власти, но и од македонската влада. Ако Охридското Езеро се одржало во живот два-три милиони години, не верувам дека сме паднале толку ниско на цивилизациската скала, па да го сотреме и искрено не знам како една жичница на Га(о)личица ќе го наруши екосистемот. Во Алпите, на пример врие од жичници, зошто би било грев една да никне и на планината над Охридско и Преспанско Езеро. Мене тоа не ми е баш јасно. Иако, мислам, има абдали во земјава на кои око не би им трепнало за Орида града и за енѕерото, тие и не знаат што е УНЕСKО (Организација на ОН за образование, наука и култура), но како нација и држава свесни сме за неговото значење. Ќе го сочуваме нашиот бисер! Можеме на пример да воведеме систем на спортски риболов „фати-пушти“ и да се забрани комерцијален улов барем десет години.

Друго ме копка. Читам, читам и пак ја препрочитувам страницата на УНЕСKО за да најдам каде се наоѓа Охрид. За кој Охрид пишува УНЕСKО? Kолку што разбирам користи термини - словенски манастир или византиски период, што значи словенска култура, византиска култура/држава итн. Според овие описи, ако утре, на пример, папата Франциско дојде во Охрид, тој нема да дојде во Македонија, туку во „словенскиот Ерусалим“. Па, ти ако сакаш крсти се во најубавите икони и фрески и манастири, но овде нема да најдете ни „М“ од наша Македонија.

Македонија ја нема! Всушност, ја најдов на две места некаде на крајот на текстот - дека езерото го делат Поранешната југословенска Република Македонија и Албанија и се цитира документ изработен од владата на Република Македонија со фусноти и наводници, за, не дај Боже, Грците да се налутат. Ништо ново, ќе си речете, па ова не е од вчера. Ама новото е токму тоа - не е од вчера, туку што се правеше од вчера, завчера па до денес? Зошто се дремело? Има илјадници Македонци што кога ќе го читаат овој текст, ќе го проголтаат како пастрмка белвиче, (или клен дудинка, ако сакате), зашто нема да приметат ништо необично. И тука е трикот - наместени сме! Не можеме да забележиме каде е стапицата, а кога си во стапица, што ти е гајле за твојот идентитет, јазикот, наследството, културата... гледаш како да се спасиш, да излезеш на чист воздух. Трик прашањето е дали си ти Словен или си Антички. Не те прашува дали си Македонец, туку дали си ова или она, и така си ставен во многу незгодна позиција. Оти ако те праша директно - Абе ти си Македонец или не си - одговорот ќе биде како од пушка - Сум бе, Македонец сум! Но, ако те праша - Словен или Антички - и почнуваш, види вака, онака, можеби сум, ама не е сигурно, н` учеа дека сме Словени, па нешто дека претходно сме биле Антички Македонци, па дошле тоа Словените со бамбуси препливале преку Дунав... Не знам! Значи, лудило. Што би рекол авторот на научниот текст со кој Охрид е ставен на таа листа - кавгата не е од вчера, македонската кавга е од 6 век.

Но, каде се наоѓа Охрид според УНЕСKО? Човек тешко дека ќе открие и ова требало досега да се среди. Срамота е да се зборува за географски поими без да се спомне Македонија. Па, ако можел Павле пред 2.000 години да знае дека доаѓа во Македонија, што ги мачи сегашниве, да не им влезе коска в грло ако ја спомнат Македонија?! И пишувајќи за темава, што е тешка еколошка бомба за нас Македонците, поставена и од УНЕСKО, се сеќавам на еден мој професор, кај кого еден летен ден од 30-ина студенти положив само јас (Материјална и духовна култура на Балканот), веројатно, сум бил подобро спремен од другите. Професор Иван Микулчиќ еднаш на едно предавање нам на студентите по новинарство ни кажа една реченица (кој чул и запомнил добро, кој не, здравје), која толку моќно не би ја изгравирал ниту некој каменорезач во тврда карпа: Се кажува дека потеклото ни е од Словените, но драги студенти, јас имам ископано многу наоколу, многу камења имам испревртено, ама остатоци од словенска култура нема пронајдено. Да си жив и здрав, професоре! Тоа беа раните 80-те години и со таа реченица практично се инфицирав за македонската историја.

Денес, по повеќе од 30 години, кога многумина зборуваат за некаква антиквизација на Македонија, кога ќе се завртиме наназад, ќе видиме дека такво нешто сериозно се нема случено. За жал. Да бевме похрабри, поасолни, поспремни да се соочиме со минатото, за да отидеме во иднината, ќе копавме многу подлабоко по нашите локалитети или по гробиштата, каде што почиваат нашите предци. Со ашов археологија/историја не се оди напред! Ќе н` откорнат како печурче штотуку никнато, нација што се појавила некаде во 2001 година. И сега ќе се отвори прашање - што со Македонците во државава? Што со правата на тие што тврдат дека се Македонци? Kако со нив во иднина? Со која конвенција ќе ги решавате нивните основни човекови права? Ќе биде интересно, а времево брзо тече!

П.С. Во прилог на екологијата. Настанот се случува во Трпејца. Една женичка перит во езерото, а јас се сончам и ~ довикнувам: Мајче, ова водава охридска све пере! Ми вели: Све перит, само уста женска не опервит! И од оваа реченица можеме да извлечеме некое наравоучение за македонските работи.

Христо ИВАНОВСКИ

 

#



Останати вести
Без странски инвестиции, нема развој
Aрена за поштени кокошки

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Rubin Prilep, 13.06.2017 00:50:33
Gospodine Hristo vo pravo si. Poslednive 70 godini pa se do denes Makedonia e rakovodena i kontrolirana od neodgovorni Makedonci, luge alcni za pari bez nikakva svest i samo pocit, bez nikakva griza za Makedonskata kultura,istorija i geografija. Nitu eden premier ili vlada ne se izbrani ,nitu pak ima pravo da go menuvaat imeto na Makedonia i Makedoncite. Sekoj ima pravo da se kazi sto e,jas sum Makedonec. Zaev nema nikakvo pravo da mi kazi deka jas nesum Makedonec.Ako Zaev ne e Makedonec to e negovo pravo i neka kazi javno na koja nacija i pripaga.
dimitrios macedon, 13.06.2017 07:30:44
ако можел Павле пред 2000 години да знае дека доага до Македониja. Можел, пошто то е Филиппи и Тесалоники - thats why Павле рече и писмо на грчски език. Филиппи и Тесалоники - то моja татковина, ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ. Скопье, Куманово-Тетово - то твоja татковина, ПJРМ (to be renamed)
Најнови вести