период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 19.05.2017, 16:53

Шведска Ја отфрли истрагата против основаЧот на „Викиликс“

Џулијан Асанж наскоро на слобода

Директорот на Јавното обвинителство на Шведска одлучи да се откаже од истрагата за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж. Маријане Ни поднесе барање до Окружниот суд во Стокхолм да се повлече налогот за апсење, со што, веројатно, ќе ~ биде ставен крај на седумгодишната сага околу првиот човек на „Викиликс“, јавија вчера агенциите.

Џулијан Асанж (45) од 2012 година живееше во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што доби азил, во обид да избегне екстрадиција во Шведска. Тој се плашеше дека во случај на екстрадиција, шведските власти ќе им го предадат на САД, каде што, најверојатно, ќе се соочеше со судење поради објавување стотици илјади тајни американски воени и дипломатски документи што ги доби од војникот Чарлс Манинг. Манинг, кој во меѓувреме го смени полот и стана Челси во затворот каде што требаше да отслужи 35-годишна казна, беше ослободен на 17 мај, по помилувањето што го доби од претседателот во заминување, Барак Обама.

Полицијата во Лондон, и покрај објавување на веста, има должност да го уапси Асанж и да му го предаде на судот откако ќе ја напушти еквадорската амбасадa, пишува Би-би-си. Од полицијата Метрополитен беше издадено соопштение во кое се вели дека нејзините акции се базираат на „европскиот налог за апсење поради исклучително сериозен прекршок“. Сега ситуацијата е изменета и шведските власти ја прекинаа истрагата, но Асанж останува обвинет за многу помал сериозен прекршок. Судот во Вестминстер издаде налог за апсење на Асанж врз основа на тоа што не му се предал на судот на 29 јуни 2012 година. Полицијата Метрополитен е должна да го спроведе тој налог веднаш штом тој ја напушти амбасадата“, посочуваат од полицијата во соопштението што го пренесува Ројтерс.

Kанцеларијата на шведскиот обвинител се откажа од истрагата за наводно силување, за кое беше обвинет Асанж, затоа што до вчера беше крајниот рок за канцеларијата на јавното обвинителство или да го обнови или да го повлече налогот за негово апсење.

Kратко време по одлуката на шведскиот обвинител, Асанж на социјалните мрежи објави своја фотографија на на која може да се види негова широка насмевка, но не коментира ништо.

Шведската обвинителка Маријане Ни изјави дека е повлечен европскиот налог за апсење на основачот на „Викиликс“, бидејќи заклучила оти неговата екстрадиција во Шведска не е можна.

- Тој се обиде с` за да ги избегне шведските и британските правосудни органи. Мојата проценка е дека тој не може да биде екстрадиран во блиска иднина - рече Ни на прес-конференција во Стокхолм, како што пренесува Асошиетед прес.

Шведскиот адвокат на Асанж, Пер Семјуелсон, изјави дека одлуката на обвинителството во петокот претставуваат целосна победа на неговиот клиент.

Минатиот месец, адвокатот Семјуелсон поднесе ново барање за укинување на потерницата за неговиот клиент. Тој укажа на коментарот на новиот американски државен обвинител Џеф Сешн дека апсењето на Асанж за САД ќе биде „приоритет“.

Семјуелсон за Франс прес изјави дека тоа значи оти САД имаат намера да преземат акција и па затоа бара укинување на потерницата со цел Џулијан Асанж да може слободно да замине во Еквадор и да ужива во својот политички азил.

- Чекавме долго на оваа одлука. Џулијан Асанж беше жртва на голема злоупотреба на постапката. Многу сме среќни бидејќи ова го означува крајот на неговиот кошмар - изјави Kристоф Марчанд, член на правниот тим на Асанж со седиште во Брисел.

Адвокатот на Џулијан Асанж, Хуан Бранко, рече дека ќе побара од францускиот претседател да интервенира во корист на основачот на „Викиликс“, пишува Танјуг.

Адвокатот на Асанж во Париз изјави дека би сакал претседателот Емануел Макрон да помогне за Асанж да ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон.

#



Останати вести
Стоп за азилантите криминалци
Kоалицијата предводена од САД нападна положби на сириски трупи
Оџите ќе ги повикуваат верниците на гласање
Напаѓачот од Тајмс сквер слушал гласови и бил под дејство на дрога

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести