период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 16.05.2017, 12:28

ЗВЕЗДАНА ГЕОРГИЕВА - ПСИХОЛОГ И ЈАСНОВИДЕЦ

Анонимна

Имам тежок брак. Сопругот е многу агресивен, а знам дека има и друга жена. Kако да си помогнам?


Госпоѓо, Радовиш е мал град и Вие се срамите од чаршиските муабети, но не сте во право постојано да живеете за луѓето. Должни сте да си обезбедите среќен живот и добро здравје и за постари години. Вашиот брак е окончан уште пред пет години кога првпат се соочивте со вистинското лице на партнерот и досега ги трпите сите работи исклучиво поради децата. Веќе сте го блокирале Вашето психичко и физичко здравје, ги имате првите симптоми на депресија како резултат од силната болка. Итно треба да преземете конкретни чекори бидејќи тешката негативна енергија на физичко ниво ќе Ви донесе и потешки заболувања. Мора да најдете друг човек до Вас кој може и сака да помага во секое време и со кого повторно би уживале во благодетите на животот.

Со почит, Звездана

Тодор
Дали ќе се извлечам од дрогата и дали ќе се вратам во Америка?


Господине, Вашиот космички код Ви носи добро подредена судбина во странство. Ваша е слободната волја дали ќе одлучите да се вратите и да го продолжите животот во Америка. Имате можност да си помогнете со дрогата и да се вратите во нормалниот животен ритам. Со мојот професионализам сум успеала да им помогнам на многу млади луѓе да ја победат зависноста дури и по метадонската терапија, да се вратат на вистинскиот пат, повторно да бидат успешни и максимално посветени на своите деца. Вие сте млад и животот е пред Вас. Затоа сте должен да се вратите во реалноста и да создадете здраво и хармонично семејство.

Со почит, Звездана

Анонимна
По 15 години брак, одлучив да се разведам. Kаква иднина ме очекува?

Госпоѓо, сте ја донеле вистинската одлука да ставите точка на тој брак. Во моментот с` уште Ве боли разделбата, се чувствувате ранета и изневерена од сопругот, но с` ќе помине. Ве советувам сега првин да ја хармонизирате блокираната енергија која се наталожила низ годините. Треба да се почувствувате стабилно на енергетско и на психолошко ниво и дури тогаш да допуштите да Ви се случи нов почеток, нова врска Ве советувам овој пат да не брзате со бракот и подобро да го запознаете човекот пред да донесете каква било посериозна одлука. Ви посакувам успех.

Со почит, Звездана


Спасе
Дијабетичар сум. Дали ќе живеам уште долго?


Господине, според космичкиот код, не Ви е предодредено да го имате тоа заболување. Kај вас дијабетесот е последица на стрес што сте го преживеале на млади години. Имате долг животен пат, нема потреба да се вознемирувате. Тоа што Вашиот доктор ендокринолог Ви го препишал како терапија е правилна за Вашето лекување. Ве советувам да побарате и третман со биоенергија. Ви посакувам уште многу среќни денови во третата доба.

Со почит, Звездана

Ванчо
Тешко сум болен. Дали ќе оздравам?


Господине, Вашето заболување е генетски предодредено. Вашите мајка и баба имале исти проблеми со коските. Затоа не ме чуди што и Вие се соочувате со ова на постари години, но за мене е поважно што нема да стигнете до инвалидност и може успешно да почнете терапија со калциум и магнезиум. Имате добар имунитет и немате други проблеми со здравјето.

Со почит, Звездана

Трајанка
Има ли надеж да се излекувам од карциномот на дојка?


Госпоѓо, за мене е поважно што по карма не Ви е предодредено да завршите фатално, не треба да се надевате на најлошото. Имате шанса за нов живот, но ако веднаш почнете да го применувате моделот на мислата и повеќе да си посветувате внимание на себе си. Ве советувам да ја имате предвид традиционалната медицина, да употребувате разни билки кои добро ќе влијаат на Вашиот имунолошки систем. Ќе успеете успешно да се излекувате. Ви посакувам долговечност и успех во животот.

Со почит, Звездана

#



Останати вести
Kога сакаш, нема мала љубов
Прелетав половина планета за да присуствувам на раѓањето на првото внуче

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести