период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 21.04.2017, 17:08

ГОЛЕМИ ШТЕТИ ОД НИСKИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Пролетниот мраз ги обра овошките и виновата лоза

Ниските температури што ги има деновиве во цела Македонија ги обраа црешите, вишните и малините. Годинава измрзнаа и садниците на јаболката и кајсијата, а големи штети има и кај виновата лоза. Експертите велат дека се очекува и преполовување на родот кај оревите, кој веќе имаа формирано мали плодови. Во оваа фаза на развојот најчувствителни се кајсиите кои трпат штети и на температури пониски од нулата, а бадемот од минус 1 Целзиусов степен.

Земјоделците велат дека доколку се задржат ниските температури, овошје годинава ќе нема. Но, ако температурите се задржат подолго време под нулата, постои опасност да останеме и без грозје и вино. Што се однесува до есенската сеидба, засега таму не постои опасност од измрзнување. Житата се многу пораснати и дождот им е добредојден. Во Управата за хидрометеоролошки работи велат дека на земјоделските производители им препорачуваат да ги следат дневните прогнози. Агрометеоролозите велат дека треба да се преземаат соодветни мерки за заштита од пролетниот мраз.

Лозовите гранки разлистени

Ангелко Ангелевски, агрометеоролог од Управата за хидрометеоролошки работи, вели дека има опасност од измрзнување.

- Ако температурите паднат под нулата следниве денови, како што е најавено, годинава штетите ќе бидат огромни. Најпогодени се јаболчестите видови овошје, крушите, малините... Има големи штети и кај виновата лоза - вели Ангелевски.

Според него, опасностите од пролетен мраз варираат од локација до локација. Фаталноста за овошките зависи и од местоположбата, но и од фазата во која е расцутено дрвото. Ако е затворена пупката, таа издржува и -20 степени, но ако е отворена или прецветана, може да настане измрзнување и на температура од нула степени - вели Ангелевски.

Во Сојузот на земјоделците на Македонија велат дека високите температури може да н` остават без овошје, но и без жито.

- Пораснаа пченицата и ’ржта насеана наесен. За бадемите и црешите веќе и не станува збор. Искрено се надеваме барем оваа година дека нема да имаме проблеми и дека нема да измрзне овошјето како други години. Не постои можност за заштита од студ во ова време - велат во Сојузот на земјоделците на Македонија.

Скап начин на заштита

Експертите велат дека постои начин на заштита од пролетни мразеви, но тој е многу скап и нерентабилен за наши услови. Препорачуваат осигурување како еден од најдобрите начини на заштита. Во светот, пак, се гледа штетите во овошните насади предизвикани од мразевите по секоја цена да се избегнат или во голема мера ублажат со користење разни мерки за борба против истите.

Прва мерка на која се оди е дренажа, односно одводнување, потоа ладење на растенијата за одложено цветање. Исто така, може да се прска со фитохормони за да се одложи цветањето. Ако, пак, цветањето е веќе започнато отпорноста на цветовите и заврзоците кон ниски температури може значително да се зголеми со прскање на овошките со специјални хемиски средства.

- Одржувањето на овошките во добра здравствена состојба и резидбата на овошките ја подобруваат вегетативната кондиција на овошките, а со тоа ја зголемуваат отпорноста кон ниските температури. Заштитата од болести исто така има значајно влијание. Есенското прскање со бакарни препарати, покрај фитосанитетското влијание, ја зголемува и отпорноста на овошките на зимските мразеви - велат експертите.

Според нив, постојат и голем број директни мерки за борба со пролетните мразеви, како загревање на насадите, кој е најсигурен начин на борба со пролетните мразеви, но е доста скап и практично неприменлив за наши услови.

Во развиените овоштарски земји се произведуваат специјални печки за истата намена. Потоа прават загревање со мешање воздух, топол и ладен, со хеликоптери и ветерници, замаглување на овошните насади, зачадување и слично.

Валентина Ангеловска

#



Останати вести
Признание од „Глобал фајнанс“ за Охридска банка
НБРМ: Раст на кредитите во март
Во Виничко ќе се посеат 100 хектари ориз
Просечната плата во февруари е 363 евра, 2,4 отсто повисока од лани
Јапонскиот извоз скокна 12 отсто на годишно ниво
„Американ експрес“ со намалена добивка од 1,21 милијарда долари
ФЕД ја казни Дојче банк 150 милиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести