период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 19.05.2017, 15:38

Вардар и Металург ќе одиграат финале пред финалето во ракометниот Kуп

Најголемите ривали во македонскиот машки ракомет, Вардар и Металург ќе играат денеска во Битола во полуфиналето на Kупот на Македонија. Пресметката на лутите градски ривали кои доминираат на домашната сцена во последните години ќе биде финале пред финалето за љубителите на ракометот.

Мечот се игра во салата „Младост“ со почеток во 20.30 часот, а Вардар е бранител на трофејот. Претходно (17.30 ч) домаќинот и коорганизатор на завршницата битолски Еурофарм Работник ќе се сретне со Охрид 2013 и ќе го промовираат првиот финалист.

Финалето на Kупот на Македонија се игра утре (16.30 ч).

Металург е единствениот тим кој на домашната сцена сезонава го порази Вардар со 29-26 во првиот меч од плејофот на домашното првенство, но Вардар во „реваншот“ му наплати со камата победувајќи го убедливо со 38-25 и со тоа обезбедувајќи ја шампионската титула.

#



Останати вести
Соколи во четвртиот финален меч ќе му биде домаќин на МЗТ
Шпанија во Скопје доаѓа со Иниеста, Рамос, Пике, Kоста, Мората...
Харден ја предводи најдобрата петорка во НБА-лигата за сезонава
Трајчевски: Работнички оди во Тетово да го осигура евронастапот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести