период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 19.05.2017, 15:20

СТАТИСТИKА И РЕАЛНОСТ

Просечно домаќинство лани располагало со 6.092 евра, а потрошило 5.421 евро

Просечно четиричлено македонско домаќинство лани потрошило дури 671 евро помалку пари од колку што заработило, објави Државниот завод за статистика. Математиката покажува дека лани едно просечно домаќинство имало на располагање 6.092 евра, а употребило 5.421 евро. Анализата на податоците за потрошувачката на домаќинствата за лани покажува дека во однос на 2015 година се зголемиле расположливите средства на граѓаните, а се намалиле употребените, за разлика од претходната година кога потрошиле за 100 евра повеќе од тоа што имале на располагање. Истражувавме на што се должи ваквиот тренд во потрошувачката на граѓаните. Податоците покажуваат дека покрај пари за храна, покрај намалените количества што ги консумирале лани, опаѓа и трошењето за ставките облека и обувки, покуќнина, за здравје, рекреација и култура, сообраќај, комуникација...

Податоците на Статистика покажуваат дека од расположливите 374.701 денар, 364.070 денари биле пари, а останатото се кредити, заеми, приходи од земјоделство и слично. Приходи од редовен работен однос се 234.726 денари. Од останатите приходи од кои граѓаните го пополнувале домашниот буџет, 14.036 биле пари заработени надвор од работата, потоа 75.960 денари се приходи од пензиите на родителите, потоа 8.675 денари се пари примени од странство и слично. Податоците се изработени врз основа на анкетата што ја спровела Статистика на 2.722 домаќинства според која ја оценува состојбата на 564.590 домаќинства во земјава.

Потрошени 5.449 денари помалку за храна

Додека на страната на трошењето, бројките покажуваат дека од вкупно употребени 333.399 денари, просечно четиричлено домаќинство лани потрошило вкупно 135.619 денари за храна и безалкохолни пијалаци или за 5.449 денари помалку од претходната 2015 година. Граѓаните потрошиле во просек по 13.096 денари за алкохол и тутун или за 187 денари повеќе од претходната година. Ставката за станарина, струја, вода, гас и горива лани се смалила за 5.000 денари и лани изнесувала 45.488 денари за разлика од претходната година која била 50.238 денари. Трошокот, пак, за здравје изнесувал 11.379 денари или за 2.435 денари помалку од претходната 2015 година кога за оваа намена се трошеле 13.814 денари. За рекреација и култура просечно домаќинство лани потрошило 6.438 денари или речиси 3.000 денари помалку од претходната година кога за оваа намена се употребувале просечни 9.184 денари, а ако се спореди со 2014 година, потрошените пари за рекреација и култура се двојно помали зошто тогаш изнесувале 12.095 денари.

Убедливо најниска ставка за која трошат пари граѓаните и лани била образованието, каде што биле потрошени симболични 2.458 денари, што е за илјадарка повеќе од претходната година кога буџетот за оваа ставка изнесувал 1.495 денари. Граѓаните лани потрошиле 13.244 денари за отплата на кредити и заеми или за 400 денари повеќе од претходната година кога тој трошок изнесувал 12.866 денари. Во цела таа ситуација податоците покажуваат дека лани на име штедење им останале вкупно 6.621 денар или за 1.415 денари помалку од претходната година кога на име штедење оставале по 8.036 денари.

Сме изеле 3,6 килограми помалку леб

Статистика измери дека просечно четиричлено домаќинство лани изело 264,6 килограми леб или 3,6 килограми помалку од 2015 година. Потрошувачката кошничка на македонските семејства лани била попразна и со овошје и зеленчук, односно се намалени купените количества. Така лани сме изеле речиси 4 килограми помалку домати од претходната година или лани вкупно по домаќинство биле купени 51,4 килограми домати за разлика од 2015 година кога просекот бил 55,5 килограми. За 700 грама сме изеле повеќе грав, а дури за 11,3 килограми помалку пиперки биле консумирани лани во однос на претходната година, односно вкупно 72,2 килограми. Драстично се намалила и потрошувачката на грозје, односно домаќинствата изеле во просек по 15,4 килограми грозје за разлика од претходната 2015 година кога просекот изнесувал по 39,9 килограми или за 24,5 килограми помалку.

Граѓаните лани консумирале за повеќе месо од 2015 година. Податоците покажуваат дека лани во просек се јадело по 25,9 килограми јунешко и телешко месо, што е за 700 грама повеќе од претходната година. Потоа по 27 килограми свинско месо или 2,5 килограми повеќе од претходната година. Лани едно домаќинство изело за 1,2 килограми повеќе месо од живина или вкупно 45,8 килограми. Граѓаните лани испиле и за 5 литри помалку млеко од претходната година, односно лани вкупно потрошиле 132,8 литри млеко.

Александра Филиповска

#



Останати вести
Полската државна гасна компанија бара парична казна за „Газпром“
Половина милион бегалци бараат работа во Германија
Германски искуства во енергетската ефикасност пренесени на домашни градежници
Kвадратот во стар стан е од 100 до 200 евра поевтин отколку во нова зграда

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
makedonka, 20.05.2017 16:40:59
kakvi gluposti, dajte mu na sekoj Makedonec od taa prosecna plata pa ke vidite kako za kratko vreme drzavata ke se krene od mrtvite, ne gi lazete lugeto so statistika
GRAGANIN, 21.05.2017 06:32:02
SRAMNO E DA SE KAZUVAT PRIKASKI I DA SE LAZE TOLKU MNOGU DEKA PROSECNO SEMEJSTVO RASPOLAGALO SO 6042 EVRA A POTROSILO 5421 EVRO,PA ZAREM NE ZNAAT POLITICARITE DEKA OBICNITE GRAGANI SE NA MINIMALEC OD 8240 DENARI I NI SMETKI NE MOZAT DA SI GI PLATAT I ZIVEAT NA KREDIT I POMOS OD RODNINI.
Најнови вести