период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 21.04.2017, 16:26

ВО МАРТ

Јапонскиот извоз скокна 12 отсто на годишно ниво

Јапонскиот извоз расте со силно темпо, пред с` благодарение на високата побарувачка од страна на Kина. Извозот во март расте со највисока стапка во последниве две години, покажуваат податоците на јапонското Министерство за финансии, јави Ројтерс.

Вицепремиерот и министер за финансии Таро Асо, кој ја предводи новата комисија за двостран економски дијалог со САД, во средата изјави дека Јапонија има многу малку простор за компромис со САД во рамките на билатералната трговска размена.

Во март извозот скокна 12 отсто на годишно ниво до 7,2 трилиони јени односно 66,1 милијарди долари. Според тоа, извозот на третата по големина светска економија се зголемува трет месец. Увозот се зголемува 15,8 отсто на годишна основа и вреди 6,6 трилиони јени. За тоа придонесува фактот дека земјата увезла големи количества нафта и јаглен. Бидејќи од хаваријата во Фукошима наваму повеќето нуклеарни централи на островската држава се затворени, Јапонија произведува електрична енергија главно со термоелектрани.

Генерално, за март, Јапонија предвидува трговски суфицит од 614,7 милијарди јени, што е помалку од вишокот од 744,9 милијарди јени една година порано. Но, тоа е над пазарните очекувања за вишок од 575,8 милијарди јени бидејќи извозот е помал од увозот.

За завршената финансиска година првпат во последните шест години островската држава е на плус во трговскиот биланс. Ова се должи на падот на цените на нафтата, што доведува до пад на вредноста на увозот.

#



Останати вести
Признание од „Глобал фајнанс“ за Охридска банка
НБРМ: Раст на кредитите во март
Во Виничко ќе се посеат 100 хектари ориз
Просечната плата во февруари е 363 евра, 2,4 отсто повисока од лани
Пролетниот мраз ги обра овошките и виновата лоза
„Американ експрес“ со намалена добивка од 1,21 милијарда долари
ФЕД ја казни Дојче банк 150 милиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести