период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 13:08

АЛТЕРНАТИВА

Ренот ја чисти крвта и помага при исфрлање камен од бубрезите

Свежо изрендан, коренот од ренот е одличен додаток во сосови, а многу е вкусна и комбинацијата на рен, кисела павлака или млеко кој може да се служи со печено свинско, димена риба или салата. Но, ренот е многу повеќе од само намирница, тој е лек и за многу здравствени тегоби со кои се соочуваме секојдневно.

Како лек обично се зема со кисели јадења, како сируп, готвен во бело вино или вода, како сок или чај. Сепак, со него не треба и да се претерува, бидејќи може да предизвика и дијареа и повраќање.

Ренот е богат со витамин Ц (повеќе од 100 милиграми во 100 грама свеж корен), а тука се и гликозид, морозин, синигрин, глутамин, глукоза, калиум, кисел сулфат, како и етерични масла кои му даваат лут вкус.

Ренот се препорачува за чистење на крвта, исфрлање камен и песок од бубрезите, за потење и исфрлање урина. Се користи и како лек против болести на градите, ревма, гихт, за исфрлање секрет од дишните патишта. Ренот е исто така добар стимулатор за органите за варење, предизвикува зајакната секреција на желудочните и цревните жлезди, како и жолчката и панкреасот.

Рецепти:

*Против воспаление на синуси
На загреана рингла се става сад со нарендан рен и малку вода. Кога ќе почне да испарува, тргнете го од оганот и наведнете се над него, а главата покријте ја со пешкир и вдишувајте. Оваа инхалација правете ја десетина минути пред спиење.

*Заболување на срце и крвни садови
Со дрвена лажица измешајте пет супени лажици рен, сок од три лимони и две чаши мед. Земајте по една лажица трипати дневно, еден час пред јадење во тек на два месеца. Смесата чувајте ја затворена на ладно и суво место.

*За јакнење на белите дробови
Десет грама нарендан рен, прелијте го со два децилитра зовриена вода и оставете го поклопен неколку минути. Процедете го и пијте го млако. Дневната доза е две - три помали чаши.

*Каша против астма
Четири супени лажици рендан рен измешајте ги со чаша јаболков оцет и варете ги на тивок оган. Кога ренот ќе омекне процедете го и во добиената количина ставете иста количина мед. Процедете ја течноста и уште малку варете на тивок оган додека смесата не се згусне. Измешајте ја потоа со ренот и оставете ја да се олади. Чувајте ја во фрижидер, пијте ја наутро и навечер по една лажица.

*Лековита тинктура
Многу корисна во лекување гнојни рани, болки и отоци е оваа тинктура. Коренот на ренот се ренда, се меша со алкохол и се остава на ладно и темно место да стои две недели. Добиениот екстракт се става на болните места.





#



Останати вести
Куркуминот ги принудува туморските клетки на самоуништување
Енергијата што телото ја добива со постење ја троши на самоисцелување
Козметика од јајца за чистење и обновување на кожата
Нарушената работа на хипофизата прави многу проблеми
Помош од природните бранители - лук, прополис и маточина
Физичката активност ја намалува фреквенцијата на нападите
Насочете се на тоа што го сакате, а не на она од кое бегате

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести