период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 12.06.2017, 15:45
Вработени во катастарот решавале оставинска постапка на своја рака

Тројца вработени во Агенцијата за катастар на недвижности во Скопје заработија кривични пријави за злоупотреби на службената положба и овластување, информираа од МВР.

Според истрагата на полицијата, тие се сомничат дека им ги повредиле правата на сопственост на две лица од Свети Николе, нанесувајќи им и парична штета од околу 400.000 денари.

Полицијата во Свети Николе реши да побара кривичен прогон против скопјанецот С.Ѓ.В. (57), помошник-раководител во Агенцијата за катастар на недвижности - Скопје, како и неговите колеги Е.С. (45) од Kуманово - раководител на одделение и М.С. (50) од Скопје – помошник-раководител во Агенцијата за катастар на недвижности.

Според МВР, тројцата осомничени го извршиле криминалот во периодот од 2009 до 2013 година. Тие, ако со заклучок на агенцијата биле задолжени да ги преземат сите дејства во постапката за решавање на предметот од 20.8.2007 година, а по поднесено барање од И.Н. за упис во имотен лист, кој на своја страна имал пресуди од Основниот суд во Свети Николе и  од штипскиот Апелациски суд, одлучиле да постапат спротивно на Законот за катастар на недвижности.

- Наместо да извршат промена на податоците, донеле решение со кое го одбиле барањето како неосновано. Поради незаконски донесеното решение, А.Н. и K.Н., како законски наследници на покојната И.Н., со цел да го остварат своето право на сопственост, најпрво поднеле жалба против донесеното решение и две тужби до Управен суд во 2013 и 2014 година, како и жалба до Вишиот управен суд во 2016 година.

- За истите се донесени пресуди, пријави за запишување, промена, исправка на грешка, ажурирање во катастарот на недвижности за кои се издадени потврди за одбивање на пријавите за запишување промена на катастарот на недвижностите поднесени од Управен суд - Скопје, но досега не успеале да се стекнат со правото на сопственост - велат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на двајцата граѓани на Свети Николе потешко им биле повредени правата на сопственост. За постапката е заинтересирана и Р.Н. - уште еден законски наследник на оставината на И.Н., која по поднесено барање за управна постапка во Општина Свети Николе ја приватизирала предметната спорна недвижност со решение за приватизација на градежно земјиште од 28.11.2013 година.

- На тој начин таа се стекнала со право на сопственост, а А.Н. и K.Н. го изгубиле правото на недвижен имот. Со ваквото незаконско работење осомничените ~ нанеле имотна штета на А.Н. и K.Н. по основ тужби, жалби и адвокатски трошоци за околу 400.000 денари, а ги повредиле и нивните права на сопственост - велат од МВР. #



Останати вести
Тинејџерка од Гостиварско почина во возило на Итна помош
Фалсификаторот од Чаир правел и алат за провалување?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести