период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусОтворенаСценаАктуелноВо фокусот Здравје
Во фокусот
Датум: 07.05.2014, 17:45

ПРЕГОВОРИ ЗА СПОРОТ ЗА ИМЕТО ВО ЊУЈОРK

Грчкото кршење на Привремената спогодба се одразува и врз Kипар

Паралелно со разговорите во Њујорк, кои Нимиц значително ги интензивира во пресрет на самитот на НАТО, Грција е под притисок на Обединетите нации да биде кооперативна и во исто така засилените преговори за статусот на Kипар, кои се водат под покровителство на американскиот дипломат Џефри Фелдман, заменик-генерален секретар на Обединетите нации, кој неколку пати учествуваше и на разговорите меѓу Нимиц, Јолевски и Василакис во Њујорк. Според професорот Џејмс Kер-Линдзи, експерт за замрзнатиот конфликт во Kипар, спорот за името на Македонија ја поткопува грчката позиција во Kипар.

Причината за ова е грчкото отворено непочитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата и со тоа и највисокиот судски орган на Обединетите нации, кои би требало да бидат гарант на евентуалниот договор во Kипар каде што кипарските Грци и нивниот политички ментор во Атина пред 10 години веќе го прекршија дадениот збор дека ќе го почитуваат постигнатото решение на спорот.

Василакис ја покажа нервозата во Атина

Набргу откако посредникот во разговорите за спорот за името Метју Нимиц го крена влогот, поврзувајќи го решението на спорот со безбедносната ситуација во Европа, грчкиот учесник во разговорите Адамантиос Василакис се нафрли врз Македонија обвинувајќи ја дека не е кооперативна во решавањето на спорот. Василакис внимаваше да ги одбегне претставниците на македонски медиуми во Њујорк, пред кои во минатото знаеше нервозно да реагира, и својата изјава ја даде само пред единствениот претставник на грчкиот печат. Во изјавата Василакис се обиде да ја претстави Грција како кооперативна во разговорите, а ја обвини Македонија дека не направила никакви отстапки од 1995 година досега.

- Грција сака да најде решение, но другата страна досега нема направено апсолутно ништо. Таа е на иста позиција како што беше во 1995 година - изјави Василакис.

Во согласност со правилата договорени меѓу посредникот Нимиц и учесниците во разговорите Зоран Јолевски и Василакис, изјавата по средбата ја дава самиот Нимиц. Тоа се прави токму со цел да се избегне средбата да се претвори во меѓусебно омаловажување и напаѓање, какво што се обиде вчера да предизвика Василакис со својата нервозна изјава. Македонија е таа која за време на Генералното собрание на ОН минатата година, на средбата на премиерот Никола Груевски со генералниот секретар Бан Kи-мун, го побара интензивирањето на разговорите, кое се случува во овој период. Имајќи го предвид драматичното влошување на безбедносната ситуација во источна Европа, треба да се напуштат грчките тактики на одолжување на разговорите за спорот за името, на кои директно до генералниот секретар на Обединетите нации Бан Kи-мун се пожали и премиерот Груевски при средбата минатиот септември.

Украина лебди околу

Самиот Нимиц не ја спомна Украина по име, но јасно алудира на опасната состојба во оваа земја, која се прелева кон соседите, велејќи дека имајќи ја предвид ситуацијата во светот и засилениот интерес за прашања од безбедноста, мислам дека ова е добро време за раководствата на двете земји да видат дали има нови начини да се реши овој проблем.

Kризата во Украина доведе до притисок од страна на САД и на Брисел врз земјите од Балканот и од источна Европа да стојат единствено во заштитата од руските притисоци. Еден од можните одговори на руското ширење на влијанието на Исток го најави и американскиот дипломат и заменик-генерален секретар на НАТО Александар Вершбоу и би било испраќање јасна порака дека НАТО е отворен за проширување на самитот во Британија, дури и без нова членка да влезе во алијансата. Во исто време повторно грчко саботирање на проширувањето на Македонија, па дури и обидите воопшто да се запрат какви било разговори за проширување за која било земја, што Грција се обидуваше да го издејствува на минатите самити, би го ослабил овој дел на американскиот одговор кон Русија.

Популизам за поддршка на националистите

Дополнителна можна причина за недипломатскиот потег на Василакис се изборите во Грција на 25 мај кога земјата избира патеници во Европскиот парламент и локални власти. Анкетите покажуваат дека владејачката Нова демократија на Самарас заостанува зад крајно левичарската СИРИЗА, а уште полошо заостанува левичарскиот коалициски партнер на Самарас - ПАСОK.

Некогаш втората грчка партија на овие избори се обидува да настапи под друго име, во коалиција, за да врати дел од гласовите што ги загуби во полза на другите левичарски партии поради нејзиното учеството во спроведувањето на болните економски реформи. Вицепремиерот и шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос најави дека доколку неговата ПАСОK претрпи крах на изборите, тоа може да ја загрози владата која се одржува со тенко мнозинство. Грција може и дополнително да се посрамоти во Европа доколку нацистичката Златна зора го потврди местото како трета по големина партија во земјата и покрај судските процеси против неа, успее да испрати неколкумина од своите силеџии како членови во Европскиот парламент.

Во оваа ситуација, притиснат, пред с`, од СИРИЗА, Самарас ја користи и картата на популизам за спорот за името, која му носи неколку поени поддршка повеќе кај грчките националисти, пред с`, во областа Македонија.

Цветин Чилиманов Дописник на МИА од Вашингтон

#



Останати вести
Брисел ќе биде прва дестинација на Иванов во новиот мандат
Новите пратеници ги подигнаа уверенијата, од СДСМ не дојдоа

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести