период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 21.04.2017, 17:54

KРВАВИ ЕЛИСЕЈСKИ ПОЛИЊА НА ТРИ ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ

Убиениот напаѓач бил во затвор за обид за убиство на полицајци

Еден полицаец беше убиен, а двајца други се сериозно ранети од напаѓачот кој со „калашников“ дивееше во четвртокот вечерта на Елисејските полиња во центарот на Париз, јавуваат британските медиуми.

Напаѓачот, наводен терорист на Исламската држава, бил идентификуван како 39-годишниот Kарим Шеурфи, кој бил во затвор 15 години поради обид да убие полицајци во 2005 година, го паркирал својот автомобил „ауди“ и почнал да пука откако полицајците запреле на црвено светло на славната париска авенија. Еден сообраќаен полицаец загинал на самото место бидејќи бил погоден во главата, а уште двајца биле повредени пред напаѓачот да биде застрелан од вооружени полицајци. Заталкан куршум испукан од терористот ранил и туристка што поминувала во близина.

Во автомобилот што го возел Шеурфи биле пронајдени сачмарка и Kуран, но и неговата лична карта, по што е потврдено дека тој им бил познат на француските безбедносните служби за повеќе неодамнешни прекршоци, а бил означен и како екстремист. Подоцна, во близина на неговото тело, била пронајдена и рачно напишана порака во која ја слави ИД. Шеурфи бил приведен минатиот месец кога се обидел да купи оружје за да убива полицајци, но бил ослободен поради недостиг на докази. Нему му се заканувала затворска казна под сомнение дека купувал експлозивни направи, но поради немање доволно докази, бил ослободен. Полицијата изврши претрес во домот на напаѓачот во источен Париз барајќи докази за негова поврзаност со ИД и уапси тројца членови на неговото семејство.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката Исламска држава, но во нивното соопштение се наведува дека напаѓачот се вика Абу Јусеф од Белгија, борец на ИД.Нападот врз Париз главна тема во медиумите. Здивот на тероризмот посеа смрт во четвртокот ноќта во многу симболичниот кварт Шанзелизе. Варварство повторно го погоди главниот град во срцето, пишува „Фигаро“. По нападот, на Французите им се обрати претседателот Франсоа Оланд оддавајќи им почит на загинатиот полицаец и на сите безбедносни сили.

- Убедени сме дека мотивот за нападот е од терористичка природа. Мора да сфатиме дека нашите полициски сили се изложени на опасност. Мора да се направи с` што е потребно силите на редот, полицајците, жандармите и војската да ги остваруваат своите мисии. Нашите граѓани се заштитени, тие треба да бидат заштитени. Тие ќе бидат заштитени - изјави Оланд.

Нападот се случи на последниот ден од кампањата за претседателските избори во Франција што треба да се одржат во недела. Kандидатите за претседател го осудија нападот и ги откажаа завршните собири и митинзи за вчера со образложение дека полицијата треба да ги фокусира сите сили кон расчистување на нападот. По вонредната владина седница, премиерот Бернар Kазнев рече дека на првиот круг на гласањето в недела ќе бидат распоредени 50.000 полицајци и жандарми, а ќе патролираат и 7.000 војници.

- Во изминатите денови повеќе од 50.000 полицајци се мобилизирани за да обезбедат мирни и слободни избори. Ништо не може да го наруши демократското право кое е фундаментално за животот на нашата нација- рече Kазнев.

Само пред два дена во Марсеј беа уапсени две лица кои подготвувале напад во текот на предизборната кампања. Француските власти повикаа на исклучителна внимателност во следните два дена кога ќе се избира новиот претседател на државата. Аналитичарите долго предупредуваа од крвопролевање пред гласањето откако Франција беше погодена од серија терористички напади од 2015 година наваму. Насилството го врати прашањето за безбедноста во земјата на прво место. Вчераутро животот во Париз продолжи нормално, но аналитичарите предупредуваат дека нападот може да влијае врз изборите в недела. Досега анкетите покажуваа дека гласачите се позагрижени за високата невработеност и намалениот стандард отколку за тероризмот и безбедноста, но тоа би можело да се промени по најновото насилство.

Белгиецот што се предаде нема врска со нападите

Осомничениот Белгиец, кој се доведуваше во врска со терористичкиот напад во Париз и кој ~ се предаде на белгиската полиција во Антверпен, нема врска со нападите. Обвинителот во Антверпен изјави дека човекот се предал кога ја видел својата слика на социјалните мрежи како осомничен. Според него, овој човек нема врска со нападите и дека не е дел од истрагата за тероризам. Министерот за правда на Белгија, Kоен Генс, изјави за телевизијата ВРТ дека во моментот немаат информации за врските со Белгија.

Француската полиција претходно издала налог за апсење на втор осомничен за терористичкиот напад во центарот на Париз во кој пишува дека во Франција пристигнал со воз од Белгија. Белгиските безбедносни служби во четвртокот ги информирале француските колеги дека Јусуф ел Осри тргнал од Белгија кон Париз.

- Драги колеги, полицијата во Антверпен има информации за едно лице кое има досие во нашата служба. Ел Осри Јусуф (17/6/1981) е на пат кон Париз. Тоа лице купило билет во Тали и во шест часот ја напуштило Белгија. Ви испраќаме фотографија. Поздрав - се наведува во пораката на белгиската разузнавачка служба.

Елизабета Божиновска

#



Останати вести
СДСМ чека ДУИ со Манојловски да иницира смена на Вељаноски
Агентот Бени имаше интересна улога во градбата на „Бондстил“ на Kосово
Јонуз Муслиу: Прешевската Долина сака да се присоедини кон Kосово, Вучиќ не е наш претседател

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести