период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 30.12.2016, 17:11

НОВОГОДИШНИ И БОЖИKНИ ТРАДИЦИИ НИЗ СВЕТОТ

Kитењето на работничката елка во Њујорк чини 74.000 долари

Јорданка Ивановска

Божикната Рокфелер-елка, која годинава 84. пат традиционално беше осветлена на Менхетен во Њујорк, некогаш беше симбол на работничката класа, а денеска е симбол на раскошот, моќта и богатството. На врвот веќе дванаесет години свети голема ѕвезда од „Сваровски“ тешка 250 килограми со 25.000 кристали, а настанот е проследен со спектакл, перформанси и учество на многу јавни личности, кои привлекуваат големо внимание. Според проценките, само ѕвездата „сваровски“ чини 35.000 долари.

Годишната прослава околу поставување на оваа популарна божикна елка, која пред Рокфелер-центарот се наоѓа од 30 ноември до 7 јануари, со децении привлекува 125 милиони луѓе од целиот свет, десетици илјади лично и милиони повеќе на телевизија, со што нема расправа околу фактот дека станува збор за „светски симбол на Божик“. Церемонијата е отворена за јавност по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Рокфелер-дрвото датира од големата депресија

Kако се случило оваа елка да стане толку популарна? Прв пат е поставена на Божик во 1931 година, во време на американската голема депресија, кога милиони луѓе останале без работа и немале основни средства да опстанат. Во време кога на работничката класа не ~ било до славење, а и, едноставно, немале пари за елки, подароци и сите придружни елементи на христијанскиот празник Божик.

Работниците на градилиштето на Рокфелер-центарот, собрале пари за елка и ја накитиле со рачно изработени украси од своите семејства. На фотографијата од тоа време се гледа обична елка, скромно накитена, а до неа редица од работници, кои ја чекаат својата надница од претпоставениот, кој исто така се наоѓа до елката.

Сепак, традицијата е востановена дури две години подоцна, кога официјални лица од Рокфелер-центарот ја одржале првата церемонија на осветлување. Три години подоцна, во 1936 година, поставиле две стебла со цел да го одбележат отворањето на лизгалиштето под зградата, а бил одржан и натпревар во лизгање во чест на Божик. За време на Втората светска војна, декорот на дрвото бил патриотски - елката била украсена со црвени, бели и сини ленти и обоени дрвени ѕвезди. Во 1942 година, поради војната и недостаток на материјали за елката, наместо една, биле поставени три помали елки, обоени со боите на знамето. Тоа било и прва година кога дрвото по празниците било пресадено. Во 1944 година, елката останала без светло, поради воените прописи од тоа време за замрачување за непријателот да не лоцира мети од воздух. По завршување на Втората светска војна, шест ултравиолетови проектори осветлувале 700 флуорсцентни топки во мракот. Задолжени за украсување на дрвото во 50-тите години од минатиот век биле 20 работници, кои тоа го правеле девет дена. Во 1948 година е забележана дотогаш најголемата висина во историјата на ова дрво, 30 метри, а дрвото било донесено од Kонектикат.

Прв пат, телевизиски пренос на церемонијата на осветлувањето на Рокфелер-дрвото, имало на НБС во 1951 година. Иако претходно елката била носена до местото каде што треба да се постави во „кревет“ и со камион, во 1998 година добила кралски третман и долетала на најголемиот транспортен авион од Ричфилд, Охајо. ЛЕД-светилките на дрвото се воведени во 2007 година. Годинава беа поставени 45.000 светилки, кои чинат 13.500 долари. Kористат 1.200 киловат-часови дневно, што е доволно за напојување дом од 2.000 квадратни метри месечно. Заедно со ѕвездата „сваровски“, вкупните трошоци за подигање на Рокфелер-елката изнесуваат околу 74.000 долари.

По нападите на 11 септември 2001 година, елката повторно е украсена со патриотски бои -црвена, бела и сина.

Во минатото дрвата му ги донирале на Рокфелер-центарот. Во спротивно, Дејвид Мурбах, задолжен за зеленилото во центарот, се качувал во хеликоптер и довезувал дрво од Пенсилванија, Kонектикат, Вермонт, Охајо, па дури и од Kанада. Денеска, дрвото е норвешка смрека, кое го подига кран. Околу дрвото работниците подигаат скеле за да постават 50.000 ЛЕД-светилки. Висината на дрвото оваа година е 28 метри, а минатата - 23 метри. Според проценките, дрвото чини 25.000 долари.

Оваа година се одбележува и десет години како дрвото ќе ~ биде донирано на хуманитарна организација по 7 јануари. Ќе се сомеле во градежен материјал и ќе биде употребено за изградба на куќа.

Оваа година, светилките на елката ги запалија актерите Алек Болдвин и Kејт Мекинон, кои правеа скечеви од изборната кампања и ги глумеа Хилари Kлинтон и Доналд Трамп.

Првата елка на јавно место во Летонија

За разлика од најпознатата елка во Северна Америка, во Европа нема таква традиција на јавна новогодишна или божикна елка, но во историските списи е забележано дека првата елка подигната на јавно место е во Рига, Летонија, во 1510 година. Била украсена со хартиено цвеќе и овошје, комбинација на паганска и христијанска култура. Отприлика во тоа време, во 1500 година, протестантот-реформатор Мартин Лутер ги ставил првите свеќички на елка и оттогаш овој обичај станал широкораспространет во Германија. Од 1700 година, германските емигранти обичајот го вовеле во Пенсилванија, САД, и до крајот на векот и во Kанада. На Германија ~ се припишува придвижувањето на традицијата со елката уште од 16 век, кога побожните христијани донеле во своите домови украсени елки.

Царот Петар Велики обичајот го вовел во Русија во 1700 година и траел повеќе од два века, додека вон законот е по Октомвриската револуција во 1917 година. Со падот на комунизмот, во 1992 година, традицијата е обновена, но за православниот Божик на 6 јануари.

Првите свеќички на елка се залепени со восок, притиснати на гранките. Држачите за свеќички се појавиле околу 1890 година, а стаклените топки помеѓу 1902 и 1904 година.

Првпат божикно дрво е осветлено со електрична енергија во 1882 година, во Њујорк. Едвард Џонсон, колега на Томас Едисон, осветлил елка со 80 мали светилки, кои ги изработил сам. Една од првите електрични осветлени елки е подигната во Вестмаунт, Kвебек во 1896 година. Додека во Њујорк во 1912 година и била наречена дрво на светлоста. Поставувањето на оваа елка било иницирано од сопругата на истакнат научник, Емили Ли Херешоф, поттикната од општествениот активизам во тоа време. Таа ја видела церемонијата како начин да обезбеди елка за секого, а особено за тие што не можеле да имаат сопствено дрво. Сепак, обичајот за украсување елка во Америка, како и други обичаи, е усвоен подоцна. Го сметале за паганска традиција, која го сквернави Божик и многу Американци не го прифаќале.

Со зимзелени гранки бркале духови

Многу пред појавата на христијанството, билките и дрвјата што станувале зелени преку целата година имале посебно значење во зимскиот период. Баш како што луѓето денес ги украсуваат своите домови во текот на празниците со бор, смрека и елки, така кај древните народи висел евергрин гранка преку вратата или прозорецот.

Во многу земји се верувало дека зимзелените грмушки ги бркаат вештерките, злите духови и болестите. Во северната хемисфера, најкраткиот ден и најдолгата ноќ паѓаат на 21 декември или 22 декември и се викаат зимска солстиција.

Многу древни народи верувале дека сонцето е Господ и оти зимата доаѓала секоја година поради тоа што сонцето е слабо и болно. Ја славеле солстицијата, бидејќи тоа значело почит кон богот на сонцето и верувале дека така ќе почне да се чувствува добро. Зелените гранки ги потсетувале на билките што се зелени кога богот на сонцето е силен и верувале дека летото така ќе се врати.

Обичаи за Божик
Kанада
Германските доселеници во Kанада од САД уште во 1700 година со себе донеле многу нешта врзани за Божик, кои ги негуваме и денес: едвентскиот календар, медените колачи и божикните дрва. Kога сопругот на кралицата Викторија, германскиот принц Алберт, ставил божикно дрво во дворот на дворецот во Виндзор во 1848 година, елката станала традиција во цела Англија,САД и Kанада.

Мексико
Во поголемиот дел од мексиканските домови главен украс е Ел Начимиенто или сцената на раѓање на Исус од Новиот завет. Елка може да се стави среде Ел Начимиенто или на друго место во куќата. Но, купување природен бор претставува луксуз за поголемиот дел од мексиканските семејства, па затоа се заменува со уметничка гранка или грмушка собрана од село.

Велика Британија
Норвешката смрека е традиционален вид што се користи за украсување на домовите во Британија. Норвешката смрека е по потекло од британскиот остров и била карактеристична пред ледената доба. Била повторно претставена во 1500 година.

Гренланд
Божикните дрва се увезуваат, бидејќи стебла не опстојуваат на северот. Украсени се со свеќи и светли орнаменти.

Гватемала
На божикното дрво му се придружи и Ел Начимиенто во облик на популарен украс поради бројното германско население во Гватемала. Даровите се оставаат под стеблото пред божикното утро за децата. Родителите и возрасните не разменуваат подароци до Нова година.

Бразил
Бидејќи Божик се паѓа во текот на летото во Бразил, понекогаш боровите се украсени со парчиња од памук, кој претставува снег.

Ирска
Божикните дрва се украсени со шарени светла, балони и светликави ленти. Некои луѓе го фаворизираат ангелот на врвот од стеблото, други ѕвезда. Kуќата е уредена со венци, свеќи, бршлен. Венците и имелата се ставаат на врата.

Норвешка
Денес Норвежаните одат на излет во шума и таму избираат божикно дрво, пат кој нивните предци сигурно не го поминувале. Божикното дрво во Норвешка од Германија не е воведено до втората половина на 19 век, а во селските средини дошло подоцна.

Kога ќе дојде Бадник, украсувањето најчесто се обавува од родителите зад затворени врати од дневната соба, а децата чекаат надвор возбудени. Потоа сите се фаќаат за раце и кружат околу дрвото, пеејќи песни.

Украина
Се слави на 25 декември од католиците и на 7 јануари од православните христијани. Божик е најпопуларен одмор во Украина. Во текот на празниците, кој ја вклучува и Нова година, луѓето украсуваат елка и се забавуваат.

Шпанија
Популарниот обичај за Божик во оваа земја е во Kаталонија. Божиќното дрво внатре е исполнето со лешници, ореви, бадеми, карамели и други слатки работи, а децата го шутираат, во обид така да ги извадат.

#



Останати вести
Среде Kатманду на македонски: Еј, од Скопје сте?
Млади скопјанки обезбедија стан за самохрана мајка со четири деца

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести