период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 20.03.2017, 15:24

Берлин одговори на провокациите на Ердоган

Зигмар Габриел: Ние сме толерантни, но не сме глупави!

По долгото игнорирање, официјален Берлин конечно се огласи и одговори на провокациите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, порача дека Ердоган ја преминал границата кога ја обвинил германската канцеларка дека применува нацистички методи.

- Ние сме толерантни, но не сме глупави. Затоа на турскиот колега многу јасно му дадов до знаење дека со таквото однесување ја премина границата - изјави Габриел за германските медиуми.

Министерот за одбрана на Германија ги нарече шокантни коментарите на Ердоган што ги упати кон германската држава и канцеларката на земјата, Ангела Меркел.

Џулија Kлукнер, заменик-претседател на ЦДУ на Меркел, бесно реагира на коментарите на Ердоган.

- Си го загуби ли умот г. Ердоган - праша таа додавајќи дека побарала ЕУ да ја замрзне финансиска помош во износ од милијарди евра за Турција .

Ердоган во неколку наврати ги обвини западните земји, пред с`, Холандија и Германија за нацизам, а во своето последно интервју ја обвини Меркел дека користи нацистички методи и предизвика лавина реакции во Германија.

- Kога ги нарекуваме нацисти, тие се чувствуваат непријатно. Тие се солидарни меѓу себе. Особено Меркел. Сега ги користите нацистичките методи... против кого? Против моите турски браќа во Германија и против браќата министри - изјави Ердоган во своето обраќање, кое го пренесуваше турската национална телевизија.

Односите помеѓу Германија и Турција драстично се влошија кога германските власти забранија одржување политички собири на турските министри во својата земја во пресрет на претстојниот референдум во Турција за уставни промени со кои ќе се зголемат ингеренциите на турскиот претседател. Претстојниот референдум во Турција предизвика длабоки поделби и меѓу турската заедница во Германија. Најновите тензии меѓу Анкара и Берлин, пак, ја обновија дебатата за интеграцијата на три милиони Турци во Германија.

#



Останати вести
Израел ќе ја уништи сириската противвоздушна одбрана
Јункер: Ќе ја казниме Британија за брегзитот како пример за другите членки

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
praveden, 21.03.2017 05:13:34
Zashto Germanija Turskoto malcinstvo vo Germanija da se integrira vo Germanskoto Opshtestvo dodeka vo Makedonija namesto integracija na Albanskoto malcinstvo vo Makedonskoto Opshtestvo Germanija ja podrzuva albanskata platformi na Edi Rama kade namesto integracija na albancite vo Makedonskoto Opshtestvo se bara Binacionalna drzava so Federalno ureduvanje koje ureduvanje direkno ke vodi vo rasturanje na Makedonskata Drzava.Koga pravat budali Germanskite Politichari. Erdogan gi pominal granicite zar Grmanskite politichari ne gi pomina granicite so podrshakata shto mu ja davat na Albanskite Seperatisti vo Republika Makedonija.
praveden, 21.03.2017 05:14:54
Zashto Germanija bara Turskoto malcinstvo vo Germanija da se integrira vo Germanskoto Opshtestvo dodeka vo Makedonija namesto integracija na Albanskoto malcinstvo vo Makedonskoto Opshtestvo Germanija ja podrzuva albanskata platformi na Edi Rama kade namesto integracija na albancite vo Makedonskoto Opshtestvo se bara Binacionalna drzava so Federalno ureduvanje koje ureduvanje direkno ke vodi vo rasturanje na Makedonskata Drzava.Koga pravat budali Germanskite Politichari. Erdogan gi pominal granicite zar Grmanskite politichari ne gi pomina granicite so podrshakata shto mu ja davat na Albanskite Seperatisti vo Republika Makedonija.
Најнови вести