период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 03.01.2017, 13:15

годишен ХОРОСКОП

ОВЕН
Работа: И оваа година Уран, планетата на промените, оригиналноста и наглоста ќе престојува во вашиот знак, н,о за жал, во првиот квартал од годината ќе биде во негативен аспект од Јупитер, планетата на среќата и Плутон. Во овој период с` ќе се одвива брзо и непредвидливо, па внимавајте колку што можете ситуацијата да ја држите под контрола. Летниот период работите помалку се средуваат. Kомуникативноста ќе ви биде зголемена, а постои можност и за јавни настапи од кои можете да имате голема корист. Есента ќе ја започнете со голем елан и можеби со ново работно место доколку работите како службеник.

Љубов: Во љубовта ве очекува одлична година, посебно за оние што се во брак. Јупитер, планетата на среќата, се наоѓа во вашето седмо поле или полето на бракот. Па, така, многу Овни оваа година може да ја крунисаат својата љубов. За слободните вистинските љубовни доживувања започнуваат заедно со летото во јуни. Во овој период мора да се случи нова љубовна врска.

Здравје: Преку целата година ве очекува поволна здравствена состојба со можни здравствени проблеми во првите три месеци од годината. Внимавајте на нервите.

БИK
Работа: За Биковите во ова година ќе биде интересен пролетниот период кога ќе ви бидат зголемени активностите на полето на финансиите. Најверојатно ќе се работи за тајни и сомнителни трансакции за кои секако дека ќе ви биде потребна зголемена внимателност. Летниот период ќе се намали интензитетот на вашите активности, меѓутоа сепак ќе биде над просекот. Во есенскиот период нагласени ви се проблемите во комуникацијата, можни се раскинувања на партнерствата или разделување со некој близок пријател, а исто така соработките со странство или некакви финансии што ги очекувате од странство ќе задоцнат со исплатата. Во овој период можете да реализирате некое долго планирано патување надвор од земјата.

Љубов: Преку целиот пролетен период, Венера, планетата на љубовта, ќе престојува во вашето дванаесетто поле. Со други зборови, с` ќе биде во знакот на тајните врски или флертови, кои може да преминат во афери. Внимавајте. Зголемената комуникативност во летниот период ќе ви помогне да го зголемите кругот на пријателите. Есенскиот период е поволен за слободните.

Здравје: Ќе имате добра здравствена состојба преку целата година.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Во првата половина од годината ќе бидете доста агресивни, амбициозни и иницијативни за одеднаш по излегувањето на Марс од вашиот знак по 5 јуни, да станете шармантни и слаткоречиви токму во вашиот стил. Добро сработената работа во првата половина од годината и успешноста во комуникациите и шармот во втората половина можеби ќе ви донесат ново работно место и тоа за неколку скали повисоко од очекуваното. Пошироките комуникации ќе ви бидат негативно аспектирани, па затоа најдобро е да се концентрирате на работата со потесниот круг на соработници со кои имате добри односи и да завршите со проектите во планираниот рок.

Љубов: Не ќе можете да се пофалите со многу среќа во љубовта. Постои опасност да бидете измамени, можеби личност во брак, постара личност или нерасчистени односи од минатото, кои може да ви донесат само афери. Летниот период добар за Близнаците во брак каде што постои хармонизација на односите, меѓутоа претходно ќе мора да расчистат со некои проблеми.

Здравје: Ќе имате добро здравје, посебно во мај и јуни кога ќе се одликувате со високо ниво на енергија и јак имунитет.

РАK
Работа: Почетокот на годината ќе биде прилично неповолен за Раковите. Ве очекуваат судири со авторитети, постар колега и сл. И покрај овие неповолности, постои можност за напредување во кариерата, најверојатно ќе се работи за некое ново работно место кое ќе ви биде понудено неочекувано. Во пролетниот период можно е некакво замрзнување на вашата кариера и појава на некакви проблеми на работното место за кои ќе мора да побарате помош од некои повлијателни пријатели, а можеби и родител. Со есенскиот период започнуваат првите финансиски проблеми кои ќе траат с` до крајот на годината.

Љубов: Првиот квартал од годината е добар како за слободните така и за оние во брак. Пролетта ќе биде одлична за Раковите во брак. Ќе ги хармонизирате односите со брачниот другар, поточно конечно ќе откриете некои тајни или можеби вие ќе се откриете пред партнерот за кои не сте знаеле дека може да бидат пречка во вашиот однос. Летниот период е одличен за дружење, особено јуни, кога ќе остварите голем број контакти и нови пријателства.

Здравје: Ќе имате поволна здравствена состојба во целиот зимски период токму кога ви е најпотребна.

ЛАВ
Работа: Годината е посебно добра за сите оние што се занимаваат со интелектуална работа. Пролетта ќе биде особено добра за комуникациите и за сите видови преговори. Ќе бидете доста шармантни, па кога на другата страна ќе имате соперник од спротивниот пол, успехот ви е загарантиран. Летниот период е особено добар за далечни патувања, учење, полагање испити и слично. Јупитер, планетата на среќата, го транзитира вашето трето поле или полето на комуникациите и патувањата. За помладите ова би значело авантуристички период. Есенскиот период сериозно ќе се зафатите со работа, ќе бидете во некаква игра со издигнувања и падови.

Љубов: Шармот што ќе го поседувате, добрата финансиска положба и одличната комуникативност се добри предиспозиции за нова љубовна врска во почетокот на оваа година. Но, исто така и проблемите во бракот почнуваат на самиот почеток на годината. Непотребно ќе браните гордост пред партнерот и ќе воведувате некој ред и дисциплина во домот. Со пролетта состојбата во бракот ќе се подобрува, ве очекуваат кратки романтични патувања со партнерот.

Здравје: Некои посебни тешкотии со здравјето годинава нема да имате.

ДЕВИЦА
Работа: Ќе имате доста бурна година, полна со возбудувања, посебно на полето на финансиите. Јупитер, планетата на енергијата и амбициозноста, се наоѓа во вашето второ поле, полето на финансиите и таму ќе остане с` до есента. Ве очекуваат некои финансиски добивки кои ќе ви бидат добар почеток за понатамошно вложување или продолжување на започнатата работа, меѓутоа избегнувајте ризични вложувања во пролетниот период кога оваа планета ќе биде под негативно влијание на Уран. Kомуникациите речиси целата година ви се одлично аспектирани. Есента е добра за партнерствата и за сите активности што ќе ги преземате со пријателите.

Љубов: Зимскиот период ќе бидете доста пасивни во љубовта. Ќе бидете целосно затворени, а можеби причината ќе бидете во вашата презафатеност на работното место. Овој период е поволен за хармонизирање на односите во семејството. Најверојатно добрата финансиска состојба ќе реши голем број од вашите проблеми, а посебно се решаваат некои проблеми поврзани со здравјето или грижата за некој болен член во семејството.

Здравје: Во првата половина од годината планетите ќе ви донесуваат доста сила. Во есента внимавајте на повреди.

ВАГА
Работа: Во првата половина од годината планетата на среќата, Јупитер, ќе престојува во вашиот знак, меѓутоа ќе биде негативно аспектирана од Уран, па така очекувајте од крајно среќни ситуации до моменти на тага. Kомуникациите ќе ви бидат солидни во првите два месеца од годината и ќе бидат добра основа за подготвување на теренот за пролетниот период. Летниот период ви се враќа самодовербата, енергијата и комуникативноста, меѓутоа вашите тајни непријатели и понатаму ќе работат против вас, а тоа ќе го разниша штотуку подобрениот однос со претпоставените. Исто така, во овој период избегнувајте јавни настапи. Во есенскиот период повторно влегувате во акција со нови сили, но пречките во комуникацијата ќе ви го забават успехот.

Љубов: Венера, планетата на љубовта, во пролетниот период ќе биде во вашето седмо поле или полето на бракот. Летниот период почнуваат проблемите во семејството, а тоа е она што најмногу ве боли. Се јавуваат доста судири помеѓу децата и некој од родителите, финансиите нема да бидат проблемот, најверојатно ќе се работи за некакво непочитување и своеглавост.

Здравје: Преку целата година ќе имате доста сила, енергија, волја и истрајност во с` што ќе работите.

СKОРПИЈА
Работа: Сите активности што ќе ги преземате во годината која следува ќе бидат поврзани со подобрување на вашата финансиска сметка, поголем луксуз и едноставно подобар живот. Уште на самиот почеток од годината ќе започнете со некои покрупни зделки кои ќе наидат на неуспех. Со влегувањето на Јупитер, планетата на среќата и благосостојбата, во вашиот знак, по 10 октомври, работите се завртуваат кон подобро, па сите финансиски недостатоци ќе ги средите и конечно ќе можете да си го дозволите долгоочекуваниот луксуз. Kон крајот на годината нагласени ви се проблемите со комуникациите, посебно со помладите личности од вас.

Љубов: Мистериозната планета, Нептун, преку целата година ќе биде во вашето поле на љубовта. Ќе имате доста бурен почеток, со многу љубовни понуди од кои речиси сите ќе бидат неочекувани, непланирани, под сомнителни околности или од сомнителни личности. Во секој случај вие ќе се чувствувате среќно, а причината е едноставна, Скорпиите ги сакаат мистериите.

Здравје: Одлична година за вашето здравје.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Преку целата година Сатурн, планетата на ограничувањата, ќе го транзитира вашиот знак, што значи дека очекуваните резултати тешко ќе ги постигнете. Чувствувате дека нешто ви се случува зад грб и дека некој ви го загрозува работното место. Ваквата ситуација може да донесе доста расправии на релација претпоставен – работник, кои ќе ја докомплицираат и така сложената ситуација. Во пролетниот период ве очекуваат ограничуваат во комуникациите, меѓутоа тоа нема да има никакви последици врз вашето работење.

Љубов: Одлична година за нови љубовни врски. Венера, планетата на љубовта, зимскиот период ќе се наоѓа во вашето петто поле или полето на љубовта и среќата. Зимата е одлична за хармонизација на односите. Ако сте во поодминати години, првите два месеца од годината можете да очекувате голема радост преку вашите деца: свадба, дипломирање, нова работа и сл. Летниот период ќе чувствувате мало ограничување во комуникацијата со партнерот.

Здравје: Физички ќе бидете во добра форма, а спортот ќе ви биде неопходен.

ЈАРЕЦ
Работа: Зимскиот период комуникациите ќе ви бидат на одлично ниво, но сепак проблемите на работното место нема да изостанат. Во пролетниот период односите на работното место се средуваат, а финансиската состојба значително се подобрува. Ќе се одликувате со голема концентрација, а ќе ве следи добра среќа во испитите доколку студирате. Есенскиот период се јавуваат некои застои со напредокот во кариерата, ќе бидете спречени од некои авторитативни личности, па планираните промени нема да успеете да ги реализирате. Оваа година е исклучително поволна за студентите и воопшто за усовршување на знаењата.

Љубов: Посебно среќни годинава ќе бидат оние што штотуку влегле во брак. Пролетниот период среќата ќе ја достигне кулминацијата. Воедно, во овој период ќе ги подобрите комуникациите, па така лесно ќе си најдете сродна душа доколку сте слободни. Личностите родени во вашиот знак и во знакот на Бик во овој период ви се одлично аспектирани, па влегувањето во врска со некоја од нив би значело среќен почеток.

Здравје: Ќе треба да внимавате на повреди, особено во долниот дел на нозете. Најчувствителни ви се колената.

ВОДОЛИЈА
Работа: Сите активности што ќе ги преземате преку целата година ќе се вртат токму околу парите. Нептун е во вашето второ поле, па така с` што е поврзано со тајни и сомнителни зделки, а како помош ќе користите некои политички влијателни личности или можеби партнерот, ќе наидат на успех. Судирите со законот не се исклучени, меѓутоа резултатите сепак ќе бидат позитивни и во ваша корист. Со почетокот на пролетта се јавува некој застој во комуникациите, периодот не е поволен за никакви патувања, а исто така во овој период се јавуваат и првите проблеми на работното место.

Љубов: Почетокот на годината ќе ви помине во расправии и нетрпенија во семејството. Во пролетниот период многу Водолии ќе останат сами. Ќе бидат откриени некои тајни во врска со партнерот од кои ќе се почувствувате искористено. Ваквата ситуација ќе се пренесе и во летниот период, па во првата половина од годината најдобро е да останете сами и да не се впуштате во никакви љубовни авантури. Во есенскиот период ве очекуваат некои романтични патувања.

Здравје: На самиот почеток од годината можни се проблеми со срцето и крвниот притисок кај постарите Водолии.

РИБИ
Работа: Нептун, вашиот владетел, и оваа година ќе го транзитира вашиот знак, па очекувајте с` да се случува под сомнителни околности и необично. Сите активности што ќе ги преземате на работното место или воопшто во бизнисот ќе бидат поврзани со пријателите, некакви здруженија или политички партии. Во пролетниот период бидете внимателни со парите. Летниот период ќе бидете помалку мрзливи, нема да ви се работи, а ќе се трудите да пронајдете начин да ги избегнете сите активности што не ви носат голема добивка или кои можете да им ги префрлите на другите. Есента е добра за студентите за полагање испити.

Љубов: Зимскиот период, Венера, планетата на љубовта, ќе биде во вашиот знак, па искористете го овој период бидејќи можеби ќе ви биде најсреќниот во годината. Преокупираноста на работното место во летниот период нема да ви остави време ни малку за љубов, а добра работа во сето тоа е што ќе имате целосно разбирање од брачниот другар. Есенскиот период расправиите со партнерот ќе се прошират и на останатите членови од семејството.

Здравје: Чувствителни ќе бидат родените во втората декада, а другите ќе треба да внимаваат на повреди, посебно во лето.

#



Останати вести
Kаролина сe уште не размислува за брак, Лозано на привремена работа во странство
УШТЕ ВЕРУВАМ ВО ДЕДО МРАЗ

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести