период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 21.04.2017, 15:53

Македонските ракометарки во квалификациска група за ЕП со Шведска и Србија

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра во третата група од квалификациите за Европското првенство 2018, со соодветните селекции на Шведска, Србија и победникот од претквалификациската група А во која се Финска, Фарските Острови и Грција. Ова е епилогот од ждрепка направена во Париз.

28 репрезентации беа поделени во седум групи по четири тима. Пласман на ЕП 2018 чија завршница ќе биде во Франција обезбедуваат првопласираните две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација од сите групи.

Натпреварите се играат во три фази. Првите две кола се на 27 септември и 1 октомври, втората фаза (3. и 4. коло) е на 21 и 25 март 2018, а последните две кола се играат на 30 мај и на 3 јуни 2018. ЕП во Франција ќе се одржи од 30 ноември до 16 декември 2018 година.

#



Останати вести
Леброн и Kливленд со најголем пресврт во историјата на НБА-плејофот
Четвртиот прволигашки круг почнува со пелагониско дерби во Битола
Недвед: Целта на Јуве е да го освои пехарот
Душебаев: Дојде време да го елиминираме Фленсбург

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести