период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 12:55

ХЕРПЕС НА УСНИТЕ

Помош од природните бранители - лук, прополис и маточина

Колку пати ви се случило да почувствувате како ви излегува херпес на усните? Освен што боли и пецка, херпесот е и естетски проблем. Херпесот е последица на инфекција со вирусот херпес симплекс и најчесто се појавува во областа на устата (херпес лабиалис). Овој вирус се пренесува преку директен физички контакт како што е бакнеж и употреба на ист прибор за јадење или средства за лична хигиена.

Во моментот на инфекција со херпес заразеното лице не мора да има никакви симптоми, односно не секогаш се јавува видлив херпес на усните. Повеќето луѓе со херпес се заразуваат уште во детството, а не го знаат тоа. По пренесување, вирусот обично останува скриен во нервите во близина на устата или носот и ги чека "своите 5 минути".

Избива и од стрес

Кога лицето еднаш ќе се инфицира, вирусот е постојано присутен во телото, а на усните избива кога ќе дојде до намален имунитет, по настинка, грип или други инфекции, како резултат на изложеноста на прекумерен стрес, на сонце, а кај некои жени и за време на менструацијата или при хормонски нарушувања.

Кога ќе почувствувате дека ви избива херпес, најефикасно е веднаш да почнете со примена на антивирусни лекови на локално ниво; прополис, лук, тинктура од маточина и да го подигнете имунитетот со помош на ехинацеја, прополис, цинк... Некои лекари препорачуваат витамини од Б-групата во мегадози, а некои пациенти потврдуваат дека тоа навистина е ефикасно решение.

Ако овие средства почнете да ги применувате веднаш штом ќе почувствувате појава на херпес, може да се спречи воопшто да не се појави, а ако веќе избил, тоа ќе придонесе за негово брзо повлекување.

Помош од природата

Кај херпесот, како и кај другите вирусни инфекции, не е делотворно земањето антибиотици, бидејќи тие не дејствуваат на вируси. Но, како да го третирате херпесот природно? Прочитајте ги овие природни рецепти, кои може да бидат ефикасни во борбата против херпес:

Лук

Сите знаеме за чудесните својства на лукот, кој се користи при различни болести, а херпесот не е исклучок. Лукот е природно антивирусно средство.

Две фино измелени чешниња лук треба да ги помешате со 1 лажица павлака, 1 лажица брашно и 1 лажица мед. Можете да добиете одлична локална маст против херпес, со која ќе ја третирате погодената област на усните.

Уште една делотворна комбинација е смеса од 3 ситно изрендани поголеми чешниња лук и 100 г мед. Со оваа мешавина мачкајте ги инфицираните делови.

3-отстотен хидроген

Често плакнете ги инфицираните делови на кожата со 3-отстотен хидроген пероксид

Прополис

Пијте алкохолни или водени капки прополис, а инфицираните делови мачкајте ги со маслен раствор од прополис

Масло од тиква

Мачкајте ги инфицирани делови 4 пати дневно со масло од тиква, кое може да се купи во продавниците за здрава исхрана

Колоидно сребро

Колоидното сребро има силно антивирусно дејство. Може да се купи во речиси сите аптеки. Натопете газа со колоидно сребро и ставајте облоги на инфицираните делови во текот на денот.

Сол и сода бикарбона - Направете смеса од 1 лажица сол и 1 лажица сода бикарбона и додајте вода за да добиете смеса со густина на павлака. Мачкајте 3 пати на ден.

Хељда - Една лажица хељдино брашно прелијте со две чаши вода што врие. Нека зоврие, а кога ќе се олади смесата, мачкајте ги инфицираните делови на кожата 2-3 пати дневно.

Алое вера - Расечете на половина некој поголем лист алое вера и навечер ставајте го на заболените делови на кожата. Облогите прицврстете ги со завој на кожата и спијте со нив.

Нане - Една лажица нане прелијте со една чаша врела вода и гответе го на пареа 15 минути покриено. Потоа отстранете го од оганот и оставете го покриено половина час, па процедете го и мачкајте ги зафатените места. Во исто време, добро е да пиете чај од нане.

Важно: да се зајакне имунитетот - Пијте чај од ехинацеја и чај од сладок корен, јадете поголеми количини лук, кој може да се консумира и така што ќе голтате цели чешниња, пијте таблети женшен, јадете ѓумбир, јапонски печурки: маитаке, реиши и шитаке. Консумирајте по 200 мг витамин Ц, цинк и Б-комплекс. За дозирање на витамините и минералите консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Во случај да се влоши состојбата, што ретко се случува, одете на лекар.















#



Останати вести
Ренот ја чисти крвта и помага при исфрлање камен од бубрезите
Куркуминот ги принудува туморските клетки на самоуништување
Енергијата што телото ја добива со постење ја троши на самоисцелување
Козметика од јајца за чистење и обновување на кожата
Нарушената работа на хипофизата прави многу проблеми
Физичката активност ја намалува фреквенцијата на нападите
Насочете се на тоа што го сакате, а не на она од кое бегате

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести