период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 13:12

ВЕРИЦА ПАНДИЛОВСKА

Имам сè помалку пријатели

Соња Алексоска Неделковска

Од досегашната кариера, видливо е дека музиката за неа претставува момент на уживање и споделување радост. Никогаш не настојува да ја има на сцената по секоја сцена. Верица Пандиловска секоја песна ја доживува како личен печат и уживање, експресија со која секогаш се изразува најдобро.

- За да испеам една тема, прво треба таа да допре до мене. Само на тој начин ќе можам да ~ дадам емоција и душа. Никогаш не трчав слепо по популарноста. Веројатно затоа и сум поинаква. Се појавувам со повод и причина, како овој период кога го промовирав новиот албум „Само за тебе“ и спотот за песната „Нема да остареш“. Овој носач на звук заокружува период на мојата работа изминатава година и пол - вели пејачката на почетокот од нашиот разговор.

Често кокетираш со музичките трендови, но истовремено имаш и свој стил. Што е главна одлика на новиот материјал?

- Стилот е најбитен од с`. Со годините го менував и тоа е нормално. Се менуваме и ние како луѓе. Созреваме, ни се менуваат вкусовите, еволуираме. Секое време носи и своја музика. Kога бев тинејџерка,сакав цврст рок-звук, затоа на почетокот од кариерата пеев такви нумери. Да бидам искрена и денес сакам рок, фанк, блуз. Секое време носи своја мода и карактеристики. Некако, сама на себе сум си евергрин. Сакам вистински нумери, едноставни. Строфа и рефрен. Да може кој било кога ќе ја слушне песната, да ја запамети и потоа да си ја потпевнува. Да може да се отсвири и на клавир и на гитара, три акорди, доволно е.

Не ги следам слепо трендовите

Дали ја следиш внатрешна експресија со цел да пееш песни што те прават среќна, дури и по цена да не бидеш наградена со аплауз?

- Музиката е спонтана работа. Ги следам својот вкус и ритам. Ако вистински ми се допадне некоја нумера, ќе ја испеам, без оглед на тоа кој што ми сугерира отстрана. Не сум лик што слепо ќе гони некакви трендовски нумери, кои траат 5 минути. Сакам издржана музика, да ми се допаѓа, да уживам во неа. Личната сатисфакција ми е битна и таа енергија се пренесува на сите што слушаат некоја од песните во моментот. На крајот слушателите и времето ќе исфилтрираат која од нив ќе си го најде патот.

Kоја ја доживуваш најемотивно при изведбата?

- Најемотивните топ-3 се „Нема да остариш“, „Врати ми го мигот“ и „Черге две“.

Музичарите и спортистите се најголемата дипломатија

Со годините ги сакаме нештата што порано ни биле одбивни, го намалуваме кругот на луѓето што ни ја трошат енергијата. Што друго се смени кај тебе?

- Сите се менуваме со текот на годините. Се трудам секој божји ден да бидам подобар од претходниот. Секое ново утро да ми донесе нов предизвик и нова поука. Знаете како, убави лица има секаде околу нас, ама убави умови многу тешко се наоѓаат. Сега имам многу повеќе познајници, а многу помалку пријатели. Се тренирам себеси секогаш да гледам позитивно на работите за да го најдам тоа што го барам. Никој не зборува дека патот на секој од нас е лесен. Но, се трудам да верувам дека вложениот труд нема да биде залуден. И ќе ви откријам нешто за мене, порано им се восхитував на луѓето штио чесно заработиле и живеат во некаков луксуз. Денеска им се восхитувам на оние луѓе што имаат внатрешен мир во себе.

А, што секогаш ќе остане исто?

- Музиката и ние изведувачите сме биле секогаш за народот. Ние ја претставуваме најголемата дипломатија. Сите ние, уметници и спортисти. Ете тоа секогаш ќе остане исто!

#



Останати вести
ЗВЕЗДАНА ГЕОРГИЕВА ПСИХОЛОГ И ЈАСНОВИДЕЦ
Тајгер Вудс лекуваше зависност од секс, Вејн Руни се гледаше со проститутка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести