период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 19.05.2017, 17:19

ПИСМО

Гaфовите и блефовите на нашиот Бошко Буха

По немилите настани што се случија на 27 април во Законодавниот дом каде што спротивно на Уставот, Законот и Деловникот за работа на Собранието, аболираниот лидер Зоран Заев, алијас Бошко Буха, заедно со неговите послушници од една и албанските коалициски партии од друга страна избраа нелегитимен претседател на Собранието..

Kумовите на заткулисната игра беа ЕУ на чело со основоположникот на т.н. пржински договор, Јоханес Хан и повеќе амбасадори акредитирани во нашата земја од држави што се под европскиот чадор и САД.

Првиот кој му честита на пратеникот Талат Џафери за незаконскиот избор за претседател беше Самуел Жбогар претставник на ЕУ во нашата земја. Новиот нелегитимен претседател на Собранието, веднаш потоа замина во посета на европската куќа во Брисел. Заев поддршката на новиот нелегитимен претседател почна да ја дава уште од првиот ден со нему познати меѓународни гафови во медиумите кај нашиот источен и северен сосед. Имено, за бугарската национална телевизија нагласи дека македонскиот и бугарскиот народ се една заедничка целина додека за северниот сосед Србија нагласи дека земјата ја води националистичка партија.

Во оваа пригода сакам да нагласам дека Заев треба да го знае основното златно политичко правило кое гласи. За да имаш мир во сопствениот двор немој да употребуваш лоши зборови за првите соседи, во конкретниот случај Србија и Бугарија.

Заев најави и комплетен реизбор на судиите. Во конкретниот случај Заев блефира, од проста причина што за реизбор на судии единствено е надлежен Судскиот совет на Република Македонија.

Исто така, да го потсетиме дека во 90-тите години од минатиот век кога СДС(М) беше на власт (1994-1998) тогашното парламентарно мнозинство си избра преку 600 судии кои во понатамошните нивни активности гледаа со темни очила во тогашната приватизација на претпријатијата со општествен капитал. Резултат на тоа е офајдувањето на одредени личности поддржани од тогашниот претседател на СДС(М), а сега актуелен пензионер Бранко Црвенковски со што им овозможи на истите по багателни цени да станат во буквална смисла на зборот преку ноќ олигарси на македонските простори, а на нивните конта легнаа баснословни финансиски средства. Се знае најголем губитник во тоа време беше обичниот македонски граѓанин кој остана на улица.

Исто така, Заев блефира дека ќе ја врати толку посакуваната дневна евтина струја за физичките лица. Во оваа пригода само да го потсетам дека актуелен сопственик на електродистрибутивниот систем во нашата земја од 2006 година е австриската фирма ЕВН. При продажбата на тогашното ЕСМ неговиот актуелен потпретседател Радмила Шекеринска во тоа време од парламентарната говорница даде пофални зборови дека тој бизнис е бонбона-бизнис. Заев продолжува и натаму со своите гафови. Имено, со избраниот нелегитимен претседател на законодавниот дом Заев нагласува дека постојат услови за вторпат да бара мандат за составување на извршната власт од страна на претседателот на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов.

Во спортски жаргон кажано Заев спушти ја топката на земја. Евидентно е дека имаш поддршка од надворешни фактори. Но внатре во доминицилната земја каде што владее демократското право на власт се доаѓа само преку избори. На последните парламентарни избори одржани лани во декември победник беше ВМРО-ДПМНЕ.

Потврда како владее демократското право во Европа се неодамнешните избори во Франција каде што сега актуелниот претседател Емануел Макрон доби честитки од политичкнот ривал Марин Ле Пен и наредниот ден по неполни 12 часа од изборите го прими во Елисејската палата сега претседателот во заминување Франсоа Оланд.

Заев, за жал, е истрошена личност и така од ракав катадневно ветува нешто што не може да помине кај македонскиот народ. Доста ни е од неговите гафови и блефирања.

Дипл. ек. РубинЧо В. Јованоски, Прилеп

#



Останати вести
Македонија меѓу кафе на Земјата и кафе со Јосип Броз
Сдсмовците допрва ги очекуваат разочарувања
ДЕМОНкрати ми се закaнуваат дека ќе ме убијат!

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
баш така, 20.05.2017 07:50:52
Се е така, но да не заборавиме дека нелигитимниот избор е клучот за „новата власт“. Таа нелегитимност не стана легитимна со приспособување кон внатрешните правила, туку со аминување и формални честитки од центрите на моќ кои ни се страшно лути што не ги прифативме картите кои ни ги поделија. Се што ќе се направи од Заев и компанијата е веќе испланирано. Ако каубојски го избраа Џафери, каубојски ќе го заобиколат и Судскиот совет. Колку и да постои незадовлоство кај судиите од неговата работа, со неговото заобиколување ќе се стави дамка на легитимитетот на прераспоредените судии. Тоа сигурно не е добро ни за судиите ни за судството, а нај малку за граѓаните во чие име се носат одлуките. Заев еден ден ќе научи дека законот е единствениот штит на правата и слободите на луѓето вклучувајќи го и него.
ООЗТ Комуњарец во стечај, 20.05.2017 08:22:18
Судијите да имат ограничен мандат од нај-много четири години. После тоа да бидат испитивани за дадениот глас - да се правдат зашто са одлучиле како што са одлучиле. Уосталом, мора предварително да са на листата на Ленка, хахахаха.
Честито нова Влада хероју македонски Заев!, 20.05.2017 13:04:44
Рубинчо, исто како што ти не можеш да го смислиш Заев, верувај дека ние 400,000 Македонци кои имавме храброст да гласаме за него и уште толку кои беа заплашени и уценети и не гласаа за него а сакаа, 100 пати повеќе не можеме да го смислиме твојот идол кој, нели, не е истрошена личност како што велиш дека е Заев. Ич не е истрошена, само има една мана - малку му лепи раченцето. Малку појќе, додуша. Рубинчо, прашај го твојот идол што бидна со провизијата од Жутите? Сите знаеме дека ја договараа, ама дали ја зедоа ме интересира? Колку доби ти и обичниот граѓанин на Македонија од милијардите украдени од фамилијата? Јас че ми ти кажа море машко колку доби, и то по прилепски че ти кажа: го доби од трите најдолгото. Ајде „Дневник“ без цензура, објавете нешто и од нас „предавниците“.
Најнови вести