период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 12.06.2017, 16:32

„ТиЈанж 2“ Ја загрозува безбедноста на Европа

3.219 пукнатини во јадрениот реактор на белгиската нуклеарка

Експертите открија нови 70 микропукнатини во вториот реактор на белгиската нуклеарна централа „Тијанж“, која се наоѓа на 60 километри од границата со Германија, со што им се спротивставија на тврдењата на белгискиот државен нуклеарен регулатор, кој пред само еден месец тврдеше дека нема нови пукнатини и оти постојните биле таму уште од изградбата на реакторот и дека се нерелевентни за оперативната безбедност на реакторите, пишува „Дојче веле“. Експертите ги откриле новите пукнатини откако ги позиционирале камерите во различна насока, вели белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон, посочувајќи дека безбедноста на реакторот не е доведена во прашање и оти тој ќе продолжи со работа. И операторот на реакторот „Енжи Електрабел“, кој ги спроведе инспекциите по налог на белгиското Регулаторно тело за атомска енергија (ФАНЦ), посочи дека новите оштетувања биле откриени со различно позиционирање на ултразвучните уреди, но нагласи дека тие не претставуваат опасност за работата на реакторот ако не се прошират.

Животниот век на „Тијанж 2“ е значително проширен и покрај предупредувањата од експертите и протестите со барања за затворање на реакторот од Белгија, Холандија и Германија. На 25 јуни, групи загрижени граѓани и грасрут-движења од Германија ќе отпатуваат во Тианж за да направат човечки синџир околу нуклеарниот реактор. Активистите и критичарите почнаа да го нарекуваат „Тијанж“ мумија, нагласувајќи дека таму во секој миг може да се случи нуклеарна катастрофа, која ќе ја принуди Белгија да изгради „саркофаг“ во стилот на Чернобил.

Најновите ултразвучни проверки во април годинава открија значителен број нови микропукнатини во нуклеарните реактори во „Тијанж“ и во „Доел“. Околу 300 нови пукнатини беа откриени во резервоарот на реакторот „Доел 3“ лани во ноември минатата година. Белгиската новинска агенција „Белга“ објави дека од 2015 година, нуклеарните инспектори пронашле 3.149 точки на оштетување на реакторот на „Тијанж 2“. Со најновите увид, тој број е зголемен за 2,2 отсто на 3.219 микропукнатини, според еколошката организација „Нуклеар стоп“.

Последната темелна инспекција на реакторот беше во 2014 година. Од „Нуклеар стоп“ го нарекоа операторот„Енжи-Електрабел“, кој сега мора да поднесе нови, дополнителни анализи до септември, неодговорен поради одбивањето да го затвори реакторот и покрај зголемениот број оштетувања. „Тијанж 2“ одамна е цел на критики од германските политичари и антинуклеарни активисти, кои се загрижени за неговата безбедност. Минатата година, германската држава Северна Рајна-Вестфалија купи таблети јод во случај на нуклеарна катастрофа. Нуклеарната централа „Тијанж 2“ се состои од три реактори, кои беа претрпеа неколку исклучувања и инциденти поради одржување и загриженост за безбедноста.

Но вториот реактор на „Тијанж“ не е единствената причина за сериозната загриженост зашто и „Тијанж 1“, кој беше затворен во септември 2016 година, годинава повторно треба да биде реактивиран. Повторното пуштање во работа беше планирано на 15 февруари, но оттогаш е неколкупати одложувано.

Оригиналниот животен век на централата беше 30 години. И двата реактора со години наназад имаат проблеми со протекувања и пукнатини. „Доел 3“ има капацитет од 1.006 мегавати, а „Тијанж 2“ е со капацитет од 1.008 мегавати. И двата реактора се стари речиси 40 години, но с` уште произведуваат околу 14 отсто од енергетската моќност на нацијата. Белгија се потпира на нуклеарната енергија за околу 39 отсто од своето снабдување со електрична енергија, поради што е принудена да го продолжи животниот век на постојните нуклеарни реактори додека гради други енергетски извори.

Белгискиот регулатор не најде нови оштетувања во мај?!

Белгиското регулаторно тело за нуклеарна енергија во мај годинава не откри никакви назнаки за нови пукнатини во јадрениот резервоар на реакторот „Тијанж 2“, чија работа претходно беше прекината неколку години. Регулаторот во 2012 година нареди производство на енергија во „Тијанж 2“ и во уште еден реактор да биде прекинато поради индиции за микропукнатини во јадрениот резервоар, но подоцна беше објавено дека пукнатините, всушност, биле честички водород заглавени во резервоарите при нивното производство од страна на една холандска компанија на почетокот од 80-тите години на минатиот век.

По истражувањето на проблемот, и покрај шпекулациите во медиумите дека реакторот никогаш нема да добие дозвола за рестартирање, операторот „Енжи-Електрабел“ доби зелено светло да го реактивира реакторот на крајот на 2015 година. Белгискиот регулатор на почетокот на мај рече дека инспекцијата на одржувањето во изминатите недели не покажала индикации за нови пукнатини во јадрените резервоари.

#



Останати вести
Трамп од Флорида ќе го урива договорот на Обама со Kуба
Шведска полека се претвора во забранета зона за Швеѓаните и за полицијата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Od Macedonec, 13.06.2017 03:48:31
Kako vele starite ne mu go kopaj grobot na drug,oti moze samiot da padnes vo nego.Zatova podalecu od Macedonia oti nie sme bibliska zemja i gospot ke ne spasi a vas nisto nema da ve spasi.
Најнови вести