период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 27.03.2017, 14:22

ВНИМАТЕЛНО СО ЗДРАВАТА ХРАНА

И премногу овошје дебелее

Многу луѓе веруваат дека овошјето може да биде само здраво, па се трудат да го зголемат внесувањето во организмот. Меѓутоа, се покажало дека некои луѓе јадат премногу овошје, што може да доведе до дебелеење. Никој не одрекува дека овошјето е добро за здравјето. Изобилува со витамини, влакна и антиоксиданси кои штитат од разни болести. Сите светски експерти препорачуваат да се јаде што повеќе овошје.

Меѓутоа, овошјето сепак не е толку здраво за сите. Луѓето со прекумерна тежина, како и оние што имаат холестерол и дијабетес, овошјето треба да го јадат внимателно ако не сакаат да ја влошат состојбата бидејќи воочено е дека овошјето влијае на дебелината кај одредени групи луѓе.

Калории што дебелеат

Овошјето исто како и другата храна содржи калории што дебелеат. Докторите објаснуваат дека имале пациенти што не можат да разберат зошто се дебели. Се оправдувале дека јадат здрава храна и дека внесуваат големи количества зеленчук и овошје. Се покажало дека овие луѓе по цел ден јадат овошје и пијат овошни пијалаци, заборавајќи дека и овошјето содржи калории.

Овошјето како грозје, банани, сливи, праски, па дури и некои видови јаболко, содржат значително повеќе калории отколку што мислат луѓето. Ова значи дека плодот треба да се зема промислено и со тоа се објаснува зошто овие луѓе с` уште се дебелеат иако се обидуваат да живеат здрав живот.

Проблем не е самоконтролата, туку тоа што овошјето е богато со овошен шеќер или фруктоза, а проблемот е што не н` прави сити. Кога јадеме шеќер, нашето тело испушта хормон инсулин кој на мозокот му кажува дека доволно сме јаделе, но фруктозата не го поттикнува тој одговор кај инсулинот, па мозокот не добива порака дека сме сити.

Вистинска мера

Вишокот килограми не е единствениот здравствен проблем поврзан со зголеменото внесување фруктоза во организмот. Таа може да го зголеми и нивото на триглицериди, видот на крвната маснотија, која е поврзана со срцеви заболувања.

Покрај тоа, овошјето штети и на забите, а тие се особено чувствителни на цитрусните овошја бидејќи киселините ја омекнуваат забната глеѓ. Иако тие се стврднуваат по 30 минути, ако ги измиеме забите веднаш штом сме изеле портокал, со четкичката ќе го исчеткаме и делот од глеѓта.

Како тогаш да знаеме колку овошје е премногу? Тоа е тешко да се процени бидејќи за разлика од солта или заситените маснотии нема препорачана дневна доза кога е во прашање фруктозата. Но, с` уште е во сила препораката за пет порции овошје и зеленчук дневно, само што оние со прекумерна тежина и кои боледуваат од срцеви заболувања треба да јадат повеќе зеленчук, а помалку овошје.

Количеството фруктоза во овошјето е следна:
Свежа смоква - 2 г фруктоза (половина лажичка шеќер)
Осум цреши - 2,4 г (половина лажичка шеќер)
Парче диња - 3 г (половина лажичка шеќер)
Портокал - 3,6 г (малку повеќе од половина лажичка шеќер)
Пет јагоди - 4 г (една лажичка шеќер)
Чаша сок од портокал - 5 г (една лажичка шеќер)
Банана - 5,5 г (лажичка шеќер)
Мало манго - 6 г (лажичка шеќер)
Грејпфрут - 7 г (една и пол лажичка шеќер)
Грозје една дланка - 8,7 г (речиси две лажички шеќер)
Златен делишес јаболка - 11 г (две лажички шеќер)
Круша - 11 г (две лажички шеќер)
(М.А.М.)

#



Останати вести
Маслиново масло за мазна кожа и сјајна коса
Kога лактозата прави проблем, имате подуеност и гасови
Не дозволувајте и' на депресијата да ја уништи љубовта
80 отсто од слабеењето зависат од исхраната, а само 20 отсто од вежбањето
Правот од коноп спречува болести на срцето
Белиот слез е нужен за пушачите
Децата кои пијат јогурт имаат 19 проценти помал ризик за настинки и инфекции

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести