период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 19.05.2017, 16:53

Муслиманите во Велика БританиJа предизборно се мобилизираат

Оџите ќе ги повикуваат верниците на гласање

Mуслиманскиот совет на Велика Британија (МЦБ) кој има врски со исламистите, ги повика имамите во таа земја да ги користи на петочните молитви за да ги мобилизираат гласачите за општите избори што треба да се одржат во јуни за да се промовираат исламските вредности.

MЦБ, најголемата муслиманска група во земјата под чиј чадор се помалите заедници, објави список на „осум клучни прашања што имаат значење за муслиманските заедници“ кои треба да се земат предвид кога ќе се гласа и кои треба да бидат дел од беседите на имамите во џамиите.

-Муслиманите треба да бидат повеќе политички активни, се вели во проповедта која ќе треба да се чита на петочните молитви во целата земја. Едно истражување покажува дека 53 отсто од муслиманите во Британија со право на глас не излегле на општите избори во 2010 година.

На општите избори во 2015, прашањата што ги тангираа муслиманите опфаќаа теми како што се одбрана на правото на муслиманите и на луѓето од сите вери да живеат според нивната вера, да можат да носат верска облека, храна што им ја налага религијата и разумни услови за практикување на верата.

Во 2015 година, MCB дури имаше и веб-страница за прашања за кои се заинтересирани муслиманите, дозволувајќи им на гласачите да ги споредуваат ставовите на политичките партии околу теми како што се Палестина, борбата против криминалот и тероризмот, борбата против исламофобијата, антисемитизмот и сите форми на расизам.

Гласањето може да биде спорно во некои муслимански заедници, каде што според тврдокорното толкување на верата, верниците треба да го признаваат само шеријатскиот закон наместо „вештачките закони“ создадени од луѓе во демократските држави.

Проповедта ќе мора да го оправда правото на глас со повикување на приказни од Kоранот, а ќе мора да ги повика муслиманите да дадат свој придонес со гласањето особено по порастот на популарноста на десничарските партии во Европа, при актуелни забрани на хиџаб и никаб во соседните земји, при постојана закана за забрана на халал храната и „демонизирање на нашата исламска пракса“. Во прогласот-молитва која имамите ќе им ја читаат не верниците муслиманите ќе се повикаат на избори зашто „гласањето е нашата клучна алатка за заштита на нашите права.“

Општите избори во Велика Британија се одржуваат на 23 јуни кога е и светиот муслимански празник Рамазан.

#



Останати вести
Стоп за азилантите криминалци
Kоалицијата предводена од САД нападна положби на сириски трупи
Џулијан Асанж наскоро на слобода
Напаѓачот од Тајмс сквер слушал гласови и бил под дејство на дрога

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести