период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 12.06.2017, 16:20

ФУДБАЛ – KВАЛИФИKАЦИИ ЗА СП 2018 РУСИЈА

Пандев: Игравме колку што Шпанците ни дозволија

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шпанија со 2-1, во рамките на квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство во Русија. Искусниот шпански тим одигра онолку колку што беше потребно за да си замине од Скопје со трите бода, а во тоа им помогнаа и македонските фудбалери, со слабата и анемична игра.

Kапитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, го призна поразот од подобрата селекција на Шпанија, која на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје славеше со 2-1.

Пандев рече дека нашата селекција почнала со преголем респект кон противникот, на моменти и исплашено и дека било тешко да се игра против селекција што цело време го контролира поседот на топката.

– Знаеме каква репрезентација е Шпанија, почнавме исплашено, па дури во вториот дел личевме на себе. Сепак, игравме колку што тие ни дозволија. Тешко е да се игра против репрезентација што постојано ја има топката. Мислам дека толку е и нашиот лимит. Играме добро цел циклус квалификации и мислам дека заслуживме повеќе бодови - нагласи Пандев.

Поведе Шпанија со голот на Давид Силва, постигнат во 15 минута, а на 2-0 зголеми Диего Kоста, во 27 минута. Во второто полувреме македонската репрезентација заигра поангажирано, што резултира со прекрасен гол на Стефан Ристовски во 66 минута. До крајот на мечот Шпанците успеаја да го сочуваат резултатот, а Македонија барем малку да го поправи впечатокот од лошото прво полувреме.

- Мора да бидеме реални, игравме против квалитетен противник, а од првиот дел не сум задоволен, игравме како во грч. Одигравме второ полувреме на ниво, бевме во егал, и можевме да ги загрозиме за 2-2, но Шпанија, сепак, заслужено победи – изјави селекторот Ангеловски.

Македонската селекција е петтопласирана во групата со само три бода освоени на гостувањето кај Лихтенштајн со победата од 3-0. Следниот натпревар Македонија му гостува на Израел на 2 септември.

Група Г, резултати 6 коло: Македонија – Шпанија 1-2, Италија – Лихтенштајн 5-0, Израел – Албанија 0-3. Табела: Шпанија 16, Италија 16, Албанија 9, Израел 9, Македонија 3, Лихтенштајн 0. Следно коло 2 септември: Албанија – Лихтенштајн, Израел – Македонија, Шпанија – Италија.

Ангеловски: Во поразот радува блесокот на Елмаз и Тошевски

Македонија загуби уште еден меч во квалификациите за СП Русија 2018, овој пат против Шпанија во Скопје, но светла точка во поразот се двајцата млади репрезентативци Елиф Елмаз (17) и Kристијан Тошевски (23), кои покажаа завиден репрезенативен капацитет и покажаа дека на нив може да се смета во иднина. Младиот и суперталентиран фудбалер на Работнички, Елмаз, кој на стартот од вториот дел го замени Стјепановиќ и во позитивна смисла го смени текот на играта. Селекторот Ангеловски по мечот не штедеше пофални зборови за Елмаз и за Тошевски, кој исто така одигра феноменално и во целост ја оправда довербата на селекторот.

- Натпреварот го загубивме, но добивме два екстра талента, Елмаз и Тошевски. Верувам дека Шпанија стравуваше за резултатот последните 15 минути – констатира селекторот Ангеловски.

#



Останати вести
Украинците двесте отсто убедени дека се на добар пат
Надал испиша историја со победата на „Ролан Гарос“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести