период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 12.06.2017, 16:21

ТЕНИС - ЗАВРШИ ГРЕН СЛЕМОТ ВО ПАРИЗ, ПРОМЕНИ НА АТП

Надал испиша историја со победата на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал влезе во историјата како прв тенисер со двоцифрен број освоени титули на еден грен слем турнир. Шпанецот во финалето на „Ролан Гарос“ го совлада Стен Вавринка со 6-2, 6-3, 6-1 за рекордна десетта победа во Париз. До, вкупно, 15. грен слем во кариерата, Надал стигна по нешто повеќе од два часа и на импресивен начин без загубен сет.

Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) вчера ја објави новата ранг-листа на која најмногу промени има на првите пет места. Енди Мари с` уште е светски број 1, иако не успеа да ги одбрани бодовите од ланското финале на „Ролан Гарос“. По гренд слемот во Париз, најблиску до Мари е Надал. Мари има нешто повеќе од 2.600 бода повеќе од Надал, кој се искачи за две места.

Трет на АТП-листата е Стан Вавринка, кој ја задржа својата позиција, а на четвртото место е Новак Ѓоковиќ, кој падна две позиции. Српскиот тенисер не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос (елиминиран во четврт-финалето од Доминик Тим) и првпат по октомври 2009 година е на четвртото место. Ѓоковиќ првпат по март 2011 година не е на првото или на второто место на АТП-листата.

Веднаш зад Ѓоковиќ е Роџер Федерер, кој има само 860 бода помалку и можно е до Вимблдон да го престигне српскиот тенисер. Шести во светот е Милош Раониќ, а на седмата и осмата позиција рокада направија Марин Чилиќ и Доминик Тим. Во Топ-10 се и Kеи Нишикори и Александар Зверев.

#



Останати вести
Украинците двесте отсто убедени дека се на добар пат
Пандев: Игравме колку што Шпанците ни дозволија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести