период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 21.04.2017, 16:21

Првостепена одлука на МеЃународниот суд на правдата

Хаг по тужбата на Украина: Русија не е агресор во Донбас

Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг објави првостепена одлука по тужбата што Украина ја поднесе против Русија во јануари, во која одби да му удоволи на барањето на Kиев да воведе привремени мерки против Русија поради кршење на Kонвенцијата за борба против финансирањето на тероризмот, но делумно го удоволи барањето по втората тужба за прекршување на Kонвенцијата за елиминација на расната дискриминација, пренесува „Спутник“.

Барањата на Kиев беа да се прекине со испораката на оружје на истокот од Украина и поддршката за „терористите“ во Донецката и Луганската Народна Република и да се спречи „етничкото угнетување“ на Kрим. Москва ги негира тие обвиненија наведувајќи дека главната цел на Kиев не е решавање на несогласувањата, туку наоѓање повод за тужба против Русија пред Меѓународниот суд. Со решението на судот на Русија ~ е наложено да ги исполнува нормите од Kонвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација кои се однесуваат на активностите на кримските Татари, а украинските „докази“ дека Москва ги поддржува бунтовниците во Донбас судот ги смета недоволни. Пресудата е привремена и ќе биде во сила до конечната одлука. Руското МНР смета дека е важно што Меѓународниот суд на правдата зазел принципиелен став и што не ги поддржува обвинувањата на Украина за наводна „агресија, окупација“ или за статусот на Kрим.

- Судот без гласање призна дека тужбата на Украина против Русија за Меѓународната конвенција за борба против финансирањето на тероризмот е неоснована и сходно на тоа нема услови за воведување привремени мерки. Тужбата на Kиев дека Русија, наводно, води политика на бришење на културниот идентитет на украинските и кримско-татарските заедници не е поддржана - се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Судот во Хаг делумно го усвои барањето на Kиев за привремени мерки кон Москва и одлучи дека Русија според Kонвенцијата за елиминација на расната дискриминација мора да се воздржи од нарушување на правата на кримските Татари и да обезбеди образование на украински јазик на Kрим и да не презема никакви дејства кои би можеле да доведат до влошување на спорот.

Аналитичарите сметаат дека одлуката на судот за Kрим нема посебно значење за Русија бидејќи таа и така ги исполнува сите тие барања. Русија веќе обезбедила можност за образование на украински јазик, а на Kрим, според законот, и така постојат три официјални јазици - руски, украински и татарски. Што се однесува до дискриминацијата на институциите од кои Русија треба да се воздржи, аналитичарите наведуваат дека за кримските Татари никогаш не било сторено повеќе од соединувањето на Kрим со РФ, па за Татарите што биле под репресија е воведена поедноставена процедура за добивање руско државјанство.

Руските аналитичари наведуваат дека одбивањето на судот на тужбата за наводна повреда на Kонвенцијата за финансирање на тероризмот било очекувано зашто на сите им е јасно дека во Донбас се води внатрешен вооружен конфликт меѓу ДНР и ЛНР, од една страна, и украинските власти, од друга. Ни нормандиската четворка не најде никакви докази дека во Донбас дејствуваат терористички организации, а судот тргнал од тоа.

Можни мерки кон Украина?

Медиумите наведуваат дека Меѓународниот суд на правдата би можел да ~ наметне привремени мерки на украинската страна. Kако што пишува „Европска правда“, судот би можел да го обврзе Kиев да ги почитува правата на руското малцинство во Украина и во Донбас со оглед на тоа дека Русија доставила во Хаг документи во кои се зборува за угнетувањето на руското малцинстви од страна на Kиев. Исто така, судот може да ги земе предвид не само милитантите од Донбас, како што ги нарекуваат Украинците, туку и украинските националистички баталјони.

#



Останати вести
Американските власти се подготвуваат за апсење на Асанж?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести