период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 12.06.2017, 16:37

РЕГУЛАТОРНА KОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИKА

Лани потрошивме 6,5 милијарди квч струја, 71 отсто била од домашно производство, покажува извештајот на РKЕ

Вкупната потрошувачка на електрична енергија во Република Македонија во 2016 година изнесува 6.455.211.414 киловат-часа, што претставува намалување од 5,81 отсто во однос на потрошувачката во 2015 година.

Во вкупната количина на електрична енергија за потребите на потрошувачите државната компанија ЕЛЕМ учествува со 57,38 отсто, домашните нерегулирани производители (ТЕ-ТО и „Kогел Север“) со 7,39 отсто, увозот со 29,23 отсто, малите хидроелектроцентрали со 5,20 отсто, фотонапонските електроцентрали со 0,32 отсто, термоелектроцентралите на биогас со 0,48 отсто. Односно, домашното производство задоволува 70,77 отсто, а увозот учествува со 29,23 отсто во задоволувањето на вкупните потреби на електрична енергија во Република Македонија, покажува извештајот на Регулаторната комисија за енергетика за 2016 година.

Најголем производител на електрична енергија во земјата е претпријатието „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ), кое е во државна сопственост и врши регулирана енергетска дејност производство на електрична енергија. Вкупниот инсталиран капацитет на постројките за производство на електрична енергија во земјата изнесува 2.057 мегавати и е зголемен 7,53 мегавати во однос на 2015 година.

Термоелектроцентралите имаат инсталиран капацитет од 1.035 мегавати, односно половина од вкупниот капацитет или попрецизно 50,41 отсто. Две термоелектроцентрали се во сопственост на ЕЛЕМ, ТЕ РЕK „Битола“ и ТЕ „Осломеј“, а една термоелектроцентрала е во сопственост на ТЕЦ „Неготино“.

Kапацитетот на големите хидроелектроцентрали е 584,6 мегавати, односно 28,47 отсто од вкупниот инсталиран капацитет, од кои осум хидроелектроцентрали со инсталирана моќност од 560,8 мв се во сопственост на ЕЛЕМ, а хидроелектроцентралите „Kалиманци“ и „Матка“ со инсталирана моќност од 23,8 МВ се сопственост на „ЕВН Македонија“.

Вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија од комбинирани постројки за производство на електрична и топлинска енергија е 287 мв, односно тој претставува 13,98 отсто од вкупниот капацитет. Една комбинирана постројка „Енергетика“ е во сопственост на ЕЛЕМ, а останатите две (ТЕ- ТО и „Kогел“) се во приватна сопственост.

Лани се изградени и пуштени под напон нови 9 мали хидроелектроцентрали, а една мала ХЕЦ е реконструирана со зголемување на моќноста, со што вкупниот инсталиран капацитет е зголемен 5,36 мв. Вкупниот инсталиран капацитет на малите хидроелектроцентрали изнесува 90,61 мв, односно 4,41 отсто од вкупниот инсталиран капацитет.

Ветерните електроцентрали имаат моќност од 36,8 мв, односно 1,79 отсто од вкупниот инсталиран капацитет во државата. Лани е изградена и пуштена под напон една биогасна електроцентрала со инсталирана моќност од 2 мв. Вкупно инсталирана моќност од биогасни електроцентрали изнесува 5,99 мв, при што процентуалното учество на биогасните електроцентрали изнесува 0,29 отсто од вкупниот инсталиран капацитет.

Во 2016 проработеа и три фотонапонски електроцентрали со инсталиран капацитет 0,123 мв, при што овие новоизградени фотонапонски електроцентрали немаат стекнато статус на повластен производител и произведената електрична енергија ја продаваат на слободниот пазар. Вкупниот инсталиран капацитет на фотонапонските електроцентрали изнесува 16,88 мв, односно 0,82 отсто од вкупниот капацитет. Сите изградени фотонапонски електроцентрали се во целосна приватна сопственост.

549.528 јавувања во Центарот за грижа на потрошувачите на „ЕВН Македонија“

Регулаторната комисија за енергетика секоја година го следи и комерцијалниот квалитет на услугата. За таа намена во „ЕВН Македонија“ постои Центарот за грижа на потрошувачите, кој е одговорен за евидентирање, следење, анализа, како и преземање мерки за подобрување на комерцијалните услуги.

Вкупниот број на телефонски јавувања во Центарот за грижа на потрошувачите во 2016 година изнесува 549.528. Во врска со точноста на доставените фактури во 2016 година доставени се 9.196 приговори. Просечното време за одговарање на писмените приговори изнесува 5 дена.

Бројот на ревидирани фактури за потрошена електрична енергија во 2016 година изнесува 16.828 фактури.

Исклучени 7.299 потрошувачи поради неплатени фактури

Бројот на исклучени потрошувачи поради неплатени фактури за потрошена електрична енергија во 2016 година изнесува 7.299 исклучувања и бил 30 отсто намален во однос на 2015 година.

Марјан Блажевски

#



Останати вести
Најбогатите кријат многу повеќе пари отколку што се мислеше
Електричните возила сега се 2 отсто од глобалната флота, а до 2025 ќе достигнат удел од 15 до 20 отсто
Забрана за програмирано расипување на апаратите по истекот на гаранцијата
Граѓаните од јули ќе плаќаат пониски казнени камати на сметките и на денарските кредити

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести