период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 12.06.2017, 16:22

РАKОМЕТ – KВАЛИФИKАЦИИ ЗА ЕП 2018

Украинците двесте отсто убедени дека се на добар пат

Украинската ракометна репрезентација е во полн ек на подготовките за мечот што ќе го игра на свој терен во Суми на 15 јуни (четврток) против Македонија. Овој меч е исклучително важен за обете селекции во борбата за учество на Европското првенство во Хрватска, 2018. Украинците на почетокот на квалификациите беа сметани за тотални аутсајдери, но според тоа што го прикажаа се во потполно изедначена битка за пласман на првите две позиции во групата што водат на ЕП.

Селекторот на Украина, Виталиј Андронов, направи тим што го красат тимски дух и голема желба за победа. Kако подготовка за мечот со Македонија Украина одигра две тест-средби со Белорусија, со една победа 32-31 и еден пораз 21-24.

- Задоволен сум со физичката подготвеност на тимот и со оптимизмот и со желбата за победа што владеат меѓу играчите. Двесте отсто сум сигурен дека сме на вистинскиот пат - изјави селекторот на Украина пред овој важен меч.

Македонија в четврток ќе ~ гостува на Украина (19 ч), а на 18 јуни игра пред своите гледачи во салата „Борис Трајковски“ со Чешка (20.45 ч). Покрај овие две селекции во групата е и Исланд. По четири одиграни кола во групата сите репрезентации имаат по две победи и два пораза. Предноста на домашниот терен во следниот меч ќе биде на страната на противникот на Македонија.

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, веќе неколку дена го подготвува тимот за мечот против Украина. Последните две средби од квалификациите за ЕП Хрватска 2018 ќе бидат клучни за конечната разврска во квалификациската група. На ЕП ќе заминат најдобрите две селекции од групата. Вкупно има седум квалификациски групи, а покрај најдобрите две селекции од секоја група, на ЕП ќе се квалификува и најдобрата третопласирана селекција од сите групи.

#



Останати вести
Надал испиша историја со победата на „Ролан Гарос“
Пандев: Игравме колку што Шпанците ни дозволија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести