период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 20.03.2017, 17:56

НЕСЕKОЈДНЕВЕН ИНЦИДЕНТ ВО ДВОРОТ НА ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ

МВР расчистува како бил удрен „мерцедесот“ на реисот Реџепи во куќниот двор

МВР почна да го испитува случај во кој возилото „рено“ вчера рано наутро удрило во службениот „мерцедес“ на поглаварот на Исламската верска заедница во РМ, реисот Сулејман Реџепи, во дворот на неговата куќа во скопското село Горно Свиларе. Настанот се случил во 3 часот по полноќ кога автомобилот во кој се наоѓале двајца граѓани од македонска националност, кои потекнуваат од скопското Kадино Село, излегол од патот кој поминува покрај куќата на реисот Реџепи и удрил во неговиот автомобил. По ударот, веднаш реагирало постојаното обезбедување што го има реисот и ги задржало двајцата граѓани. Била повикана и полицијата, која ја започнала истрагата за да се утврдат околностите како тие се нашле во Горно Свиларе и како автомобилот им завршил во дворот на поглаварот на ИВЗ.

- Обезбедувањето на реисот ги задржало и предало двете лица на полицијата. Kај нив не беше пронајдено некое оружје, ниту имаше во автомобилот. Едното лице мирисало на алкохол. Тие првично кажале дека се загубиле во овој крај. Чудно е тоа што лицата потекнуваат од Kадино Село, кое е оддалечено четириесетина километри од Горно Свиларе, а се нашле токму во дворот на реисот. Се испитува дали се закана работи за некаква случајност? - изјавија за „Дневник“ извори во истрагата.

Kуќата на реисот се наоѓа на крајот од ова село во околина на Скопје, а за да се дојде до неа, прво треба да се помине село Долно Свиларе, а потоа да се помине цело село Горно Свиларе.

Поглаварот на ИВЗ минатата година доби постојана полициска заштита како резултат на заканите што ги добивал за активностите на попречувањето на дејствувањето на џихадистичките структури во нашата земја. По средбата со шефот на државата Ѓорге Иванов, му бил вратен и дипломатскиот пасош. Познато е дека последнава година тој е во конфронтација со поранешните функционери во ИВЗ кои биле сменети по обидот да ја преземат власта во оваа верска заедница. Истовремено, реисот во јавноста се појавува и со свои колумни, кои мошне често предизвикуваат реакции во јавноста за ставовите што се содржани во нив.

(Б.Ѓ.)

#



Останати вести
Оливер Спасовски не се јави на распит кај обвинителот
Недоносеноста алармантно jа зголеми смртноста кај бебињата
Вината за смртта на детето е кај сопственикот и кај тие што размножуваат кучиња без контрола

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести