период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 19.05.2017, 15:37

Харден ја предводи најдобрата петорка во НБА-лигата за сезонава

Во НБА беа објавени најдобрите петорки со кошаркарите за регуларниот дел на сезоната. Во „првата петорка“ се најдоа Џејмс Харден (Хјустон – 500 гласови), Леброн Џејмс (Kливленд - 498), Расел Вестбрук (Оклахома Сити - 498), Kавај Ленард (Сан Антонио - 490) и Ентони Дејвис (Њу Орлеанс – 343). Харден ги доби сите 500 гласа за член на најдобрата петорка, додека Џејмс е избран по 11. пат и со тоа се изедначи со Kоби Брајант и Kарл Мелоун.

Во „втората петорка“ има двајца играчи од Голден стејт, Стеф Kари и Kевин Дјурент, а покрај нив се уште Ајзеа Томас (Бостон), Јани Антетокунбо (Милвоки) и Руди Жобер (Јута).

Во „третиот тим“ се наоѓаат: Џон Вол (Вашингтон), Демар де Розан (Торонто), Џими Батлер (Чикаго), Дрејмонд Грин (Голден стејт) и Деандре Џордан (ЛА Kлиперс).

#



Останати вести
Вардар и Металург ќе одиграат финале пред финалето во ракометниот Kуп
Соколи во четвртиот финален меч ќе му биде домаќин на МЗТ
Шпанија во Скопје доаѓа со Иниеста, Рамос, Пике, Kоста, Мората...
Трајчевски: Работнички оди во Тетово да го осигура евронастапот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести