период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 14.11.2016, 17:04

НОВА „ЦРНА“ ЛИСТА НА УЈП

Фирмите должат 247 милиони, граѓаните четири милиони евра

Нешто над 251 милион евра ~ должат на Управата за јавни приходи 4.903 фирми и граѓани. Сите тие се најдоа на најновата листа должници, која Управата ја објавува секој месец. Јавни се имињата и вкупниот долг на компаниите кои должат по над 5.000 евра и на граѓаните што имаат долг од по над 2.000 евра. На последната листа фигурираат 3.482 компании, чиј вкупен долг е дури 247 милиони евра, додека останатите се граѓани и нивниот вкупен долг е 4 милиони евра. Сумите за долгот може да се пониски кај фирмите поради тоа што за долгови за Данокот на додадената вредност (ДДВ) солидарно одговараат сите субјекти што се водат како поврзано лице.

Ако се анализира последната листа, нема промени барем на првите места кои се резервирани за „Ел Дон Kастило Ангел“, „Индустрија Ел Азтека“ и „Мотор Kоач индустрија“, фирми на кои им е запишан долг за ДДВ од по 10 милиони евра.

Следна на списокот е компанијата „Отекс“ од Охрид, а четврта „Македонијапат“. Охридската фирма должи над десет милиони евра, а државната компанија за патишта 6,5 милиони евра. Следува тетовска фирма „Естетика 2002“, па скопската „МЛ глобал Итали“.

Долговите на фирмите за кои УЈП известува по ваква посебна листа се по основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, но и за акцизи и царини.

(А.Т.)

#



Останати вести
„Рајанер“ ќе треба да ~ плати на австриската влада 2 милиона евра незаконски субвенции
ММФ бара нови кастрења од Грција
Големите компании може да вратат во САД над 1,2 билион долари што ги чуваат во странство
Се очекуваат само 19.000 тони тутун, монополите пројавиле интерес за 26.000 тони
Банките за девет месеци со добивка од 80 милиони евра, 20 милиони евра повеќе од лани

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести