период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 21.04.2017, 17:12

Европска премиера на „Дениција“ на фестивалот „Балкан трафик“ во Брисел

Театарската кореодрама „Дениција“, работена според истоимената поема на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски, в недела ќе биде изведена во рамките на фестивалот „Балкан трафик“ во Брисел. Претставата, копродукција помеѓу Народниот театар од Охрид и парискиот театар „Иси е ла“, ќе ја доживее својата европска премиера во познатиот театар-кабаре „Ос а Моел“.

- Овој театарско-поетски чин е авторски сон на Kонстантин Плевнеш, режисер и композитор на оригиналната музика, во која се појавува една исклучителна уметничка екипа од Македонија. Во улогата на поетот настапува првенецот на Драмскиот театар од Скопје, Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ – соопшти охридскиот Центар за култура, матичната куќа на Народниот театар од Охрид.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Марија Пупучевска, уметнички соработник е Флоријан Габер од Париз, видеоарт на Милчо Узунов и Сергеј Андреевски со серијалот на слики инспирирани од Дениција.

- Претставата е веќе најавена на интернет-страната на бриселскиот фестивал, како „љубовен Молотов коктел од Македонија“ и предизвикува голем интерес кај публиката – сооппшти Центарот на културата.

Претставата беше премиерно изведена на 4 декември минатата година во Скопје, на десетгодишнината од смртта на академик Петре М. Андреевски (1934-2006).

#



Останати вести
Викендов се одржува детскиот литературен фестивал „Ракатки“
Почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
В недела подарете книга и роза

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести