период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 21.04.2017, 17:58

ПОРАKА НА ПОГЛАВаРОТ НА МПЦ-ОА

Г.г. Стефан во Тетово: Зошто за други сме подготвени да дадеме с`, а за нас не?

Многу тешко ги договараме и решаваме работите, па дури и оние што се од национален и државен интерес, предупреди вчера поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан. Тој чиноначалствуваше со светата архиерејска литургија што по повод празникот Источен петок - Балаклија се одржа вчера во црквата „Света Богородица“ во Тетово.

Пред присутните г.г. Стефан порача да размислуваме за христијанските придобивки и со нашиот живот и нашите дела да потврдуваме дека воскресението живее и во нашите души и оти сме народ на верата и на Бога.

- И ние самите, но и другите, забележале дека сме добродушен, кроток и гостопримлив народ. За други сме подготвени да дадеме с` што имаме и лебот од устата, што вели народот, да го поделиме со други. Од кај нас во Македонија гладен и жеден никој не си отишол. За други сме подготвени да дадеме и она што за себе малку имаме. Тоа веројатно е најмногу поради христијанското во нас поради евангелското во душата на македонскиот човек. Но, има и нешто за кое треба да се прашуваме зошто е така бидејќи сосема сме други кога се во прашање меѓусебните, македонски односи и работи - рече г.г. Стефан.

Тој потсети дека дури и за духовните, црковните работи, кога расправаме, најпрвин ги гледаме личниот, партискиот, а не заедничкиот интерес.

- Го гледаме личното и сегашното убедување, а не она што е вековно присутно и меѓу нашиот народ и меѓу поголемиот број цивилизирани народи. На Македонија ако ~ го одземеме или непризнаеме христијанското, што ќе остане од неа. Ако имаме нешто со што може да се гордееме, тоа е нашето духовно, христијанско наследство, и затоа ќе прашам зошто некои се противат на задолжителното воведување на веронауката и на можноста младите генерации да ја знаат верата на нашите постари, да знаат што е ова што е создавано на христијански основи во Македонија - рече г.г. Стефан.

#



Останати вести
Рудникот во Kазнадол има финска опрема за еколошка безбедност
Смртоносно е и доближувањето на еден и пол метар до електричната мрежа над возовите
Одиме до крај за зачувување на Македонија
Јункер помогнат од в.д. портпаролот Тонер сака да му ја скрши раката на Орбан

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Андреа, 21.04.2017 22:18:54
Браво, дедо Стефан! Конечно јасно и гласно.
Komunizmot kaj nas sozdade kult kon licemerieto, 21.04.2017 23:45:39
Ednite gi sakaat tugincite bidejki mozat da im se prikazat kako sovrseni vazali, a gi mrazat svoite smetajki gi za nesposobni stom vazali ne sakaat da bidat. Drigite gi mrazat prvive zaradi spremnosta tugi vazali da bidat ama gi cenat tugincite koi preku vazalstvo so mok se steknale.
Најнови вести